Си поигруваат со смртта! Деца се бањаат во опасни води, родителите навиваат


И покрај многуте смртни случаи минатите летни сезони на пристаништата во Варна деновиве на Youtube беше пуштено ново видео, на кое малата Људмила гордо ги покажува своите вештини во скокови од бетонот на едно пристаниште, не е сама – на пристаништето има околу десетина деца на иста возраст како неа.

Иако таа е мала и не сфаќа дека ваквата храброст може да биде опасна по нејзиниот живот, сепак за неа одговорност треба да сносат нејзините родители.

Иако пристаништата не се место за капење, и покрај поставените предупредувања сепак нив никој не ги забележува. Поради тоа секое лето има трагични случки.

Пред извесно време член на спасувачките екипи, Лаврентиј Погонски, истакна дека на пристаништата мора да има спасувачки тимови посебни кога морето има бранови, но државата не е заинтересирана да обезбеди ваква заштита..

Тој додава и дека во другите земји поради непочитување на забраните за капење се изрекуваат високи парични глоби и други санкции па наместо да земат пример властите не обрнуваат внимание на ваквата пракса. Луѓето не сфаќаат дека понекогаш таквото самоволие може да заврши фатално.

Погонски коментира дека младите од лето во лето стануваат се понезаинтересирани за опасностите и прават се што ке им падне на ум. Тоа е и главната причина поради која се случуваат инциденти.

Кога станува збор за пристаништата, тој нагласува дека тие никако не смеат да бидат место за разладување и забава, а кога морето има бранови децата воопшто не смеат ни да се приближуваат до нив, бидејќи нивното спасување во овие води е исклучително тешко.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1