Скандал поради сланина – муслиманите лути


За време на прославата на последниот ден на Рамазанскиот пост на Стетен ајленд во  Њујорк, собраните муслимански верници биле навредени и бурно реагирале кога низ паркот виделе дека има расфрлано парчиња сланина.

Полицијата го нарекла случајот злочин од омраза.

Околу 1.500 муслимани се собрале на Стетен ајленд да го прослават месец дена долгиот Рамазански пост, кога неколкумина од нив ги забележале парчињата сланина. Пријавиле во полиција, и се трага по сторителите.

Муслиманите, за време на Рамазан, постат, а инаку конзумирањето на свинско месо им е забрането. Токму поради тоа одредени групи го користат токму свинското месо за да се навредат или подбиваат со муслиманската вера.

 

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1