Вчера околу 17:20 на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, во дворот од куќата четворица скопјани работеле на ископување и поставување на цевки за одводна канализација.
Додека копале дел од земјата се одронила и го затрупала 62 годишниот скопјанец Благоја Д. Телото на скопјанецот е пренесено на обдукција.