Скопје City Mall ќе се отвори на 4 октомври


Иако на терен сеуште траат градежните работи надлежните во Skopje City Mall ја потврдија информацијата дека трговскиот дефинитивно ќе се отвори на 4 октомври.

Трговскиот кој се протега на 90.000 метри квадратни ќе има 150 брендови-закупци.

Од нив 40 се интернационални како Карфур, Зара, Women’s secret, Giovanni Gail, Guess, Celio, синџир на продавници за козметика DM, Лагерфелд, Армани џинс и други.

Во трговскиот ќе има и барови, места за храна, кафулиња, ресторани, сала за куглање, центар за забава, 3Д-кино…

Се очекува да отвори 2.000 работни места. Изградбата на објектот чини 70 милиони евра

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1