Со парада на која ќе учествуваат ешалони од сите единици на Армијата на Република Македонија во касарната „Илинден“ ќе се одбележан 18 Август – Денот на Армијата.
Ќе се презентираат борбените средства, техничката и воздухопловите во состав на АРМ, а гостин ќе е ешалон од Вооружените сили на САД.
Влезот во касарната ,,Илинден“ е слободен за сите граѓани кои ќе сакаат да ја проследат парадата.