На социјалните мрежи се појави снимка која утрово ја снимија камерите пред словачкиот тунел Борик.
Нешто пред пет часот до тунелот забрзано дошло БМВ, кое удрило во заштитната ограда, полетало и удрило во врвот на тунелот.
По неколку вртења во воздух слетал на тркала.
Возачот на БМВ-то (44) од автомобилот излегол неповреден, а алкотестот покажал дека не конзумирал алкохол, соопшти полицијата.