Со четири чашки алкохол дневно до мозочен удар!


Добро позната изрека, со прекумерен алкохол не се старее, се умира млад! Постојано нови истражувања што укажуваат на тоа, а најновата француска студија вели – оние што многу пијат можат да добијат т.н. хеморагичен удар ( крварење во мозокот).

Луѓето што пијат најмалку четири чашки алкохол дневно го зголемуваат ризикот да добијат мозочно крварење во релативно рана доба од животот, тврдат француски научници. Анализирајќи 540 пациенти тимот експерти утврдил дека „пијачите“ ваков удар во просек доживуваат на 60 годишна возраст, што е за 15 тина години порано во однос на оние што биле умерени со чашката.

Научниците укажуваат и на тоа дека речиси половината од пациентите што пиеле умираат во првите две години од ударот. Во истиот период бројот на починати „умерени пијачи“ е драстично помал. Од друга страна неврологот Голдстин вели, со ова не се докажува дека причината лежи само во алкохолот.

Тој укажува и на процентот на пушачи кој што е далеку поголем кај оние што пиеле повеќе алкохол во однос на умерените пијачи, 42 % во однос на 12 % пушачи. Сепак признава, алкохолот и тоа како доведува до зголемување на крвниот притисок, а со тоа и поголема веројатност за хеморагичен удар.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1