Со џип ја прегазила мајката на своето поранешно момче и му испратила порака „LOL“!


 Жената со тешки повреди преживеала, а Меклејнова, според извештаите на локалните медиуми, после немилосрдното дело му испратила SMS порака на Бојд во која пишувало „LOL“ – (се смејам на глас).

Мајката на Бојд, Лори, се здобила со неколку скршени коски и подеротини на кожата, со кои се здобила за време на изливот на бес од несудената снаа која откако ја прегазила ја влечела по себе со автомобилот иште неколку метри.

Меклејн, која очигледно лошо го поднела раскинувањето со своето момче, обвинета за тежок физички напад со автомобил, како и за прогонување на своето поранешно момче, сега е во притвор и плаќа кауција од 65 илјади долари.

Бојд својата поранешна девојка ја пријавувал во полиција и претходно, наведувајќи дека по раскинувањето му ѕвонела по 100 пати во денот и му се заканувала дека ќе му го згорчи животот.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1