Со вонреден воз до Прилеп на ,,Пиво фест,,


Од Македонски железници велат дека поради големиот интерес ќе воведат Вонреден воз до Прилеп викендов.

Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Петар Грашо, домашните Есма Реџепова, Кирил Џајковски, Влатко Стефановски и другите најавени звезди ќе доенсат во Прилеп луѓе од цела Македонија. Се бара карта повеќе за воз и автобус во овие денови. Затоа железници одлучиле да воведат дополнителна линија која од Скопје ќе тргнува во сабота и недела (7 и 8 јули) со време на тргнување во 11.00 часот. Во Велес ќе пристигне во 11:42, во Богомила во 12:34, а во Прилеп во 13:15 часот.

Од Прилеп кон Скопје возот ќе сообраќа во недела и понеделник (8 и 9 јули) со време на тргнување од Прилеп во 01:20 часот по полноќ. Во Богомила  возот ќе пристигне во 02:00, во Велес во 02:51, а во Скопје 03:44 часот.

Од железници потсетуваат и дека кон Прилеп, во деновите на „ПИВО ФЕСТ“, сообраќаат и редовните возови кон Прилеп во 06:48, 14:30, 17:10 и 19:30 часот, а од Прилеп за Скопје во 03:49, 06:10, 13:35 и 19:24 часот.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1