Шокантно видео го потресе денес Талибан. На аматерското видео снимено од лице во публиката се гледа како се егзекутира една жена.
Како што јавуваат светските медиуми жената е седната на колена и од блиско растојание е стрелано во неа. Убиена е со пет куршуми, а ликвидацијата се случила во едно мало село близу Кабул.
Причина за нејзината екзекуција како што јавуваа Ројтерс, била наводното брачно неверство на жената. Инаку видеото е снимено од публиката, за време на убиството биле присутни околу 150 луѓе. Никој од нив не и помогнал на жената.