Дека светот малку забега веќе е повеќе од јасно – но во желбата за инвоација, да се измисли топла вода во изхраната малку се забегува. По кинезите кој однесоа во вселенета семе од овожје и зеленчук кое потоа мутирано го одгледуваат, сега стигнуваат вести за се побизарни изуми.
Сол од солзи
Овој производ е направен од вистински човечки солзи, ќе чини околу 10 евра.
А имате и избор на вкусови – сол од солзи по тага, солзи по кивање, солзи по сецкање кромид, солзи од смеа и солзи од гнев. Прозиводител е Hoxton.
Сладолед од мајчино млеко и од света вода
Компанија ” Icecreamists” пак шокираше со нивните два нови производа. Прво го преставија сладоледот со мајчиното млеко, а сега и сладолед од света вода.
Сладоледот содржи мешавина од света вода и 80 проценти од алкохолот absinthe, а производот е обликуван како пиштол. На рекламните билборди сладоледот го држи калуѓерк. Цената на овој “свет” сладолед е £ 18,5.
Колачи од ориз со муви –
Многу популарни во Јапонија. Во секое колаче има по 5 до 6 муви кои се видливи со голо око.
Производител е Omachi од Токио. Мувите ги ловеле од блиската шума, варени се, исушени и потоа додадени во колачињата.
Една кесичка со 20 колачиња е £1.60.
Мајчино млеко во тетрапак
Под изговор – мајчиното млеко е здраво овој иноватор се надева на голема заработка. Продава конзервирано мајчино млеко.
Паштета од бубашваби
кој ли го јаде ова ??????????????
Вода со вкус на зелена салата
Има вода со вкус на лимон, со вкус на малина, со алоја, збогатена со ова со она – зошто па не би имало и вода со вкус на зелена салата ???????
Лижавче гол маж – Бонд.
Ова е лижавче кое е реклика на Даниел Крег и на лижавчето го покажува своето мускулесто тело.
Хамбургер во конзерва.
Многу им се расипувал хамбургерот па одлучиле да го конзервираат.
Велат така можете да си купите залиха па да си ја отворите конзервата кога сакате и да ја загреете во микро.
Леб во конзерва
Од исти причини кинезите одлучиле дека е добро да продаваат леб во конзерва.
Вака лебот подолго траел.
Леб на стапчиња. –
производителот се надева дека ќе стане хит на забавите. Овој производ е згоден за коктел забави, а исто така и изгледа многу декоративно.
Конзерва со ,, fish balls,
мадиња од риба во слободен превод.
Варено јајце, исецкано и во ролна како салама
На кинеските домаќинки им здодеало на забавите да варат куп јајца па потоа да ги сецкаат.
Затоа овој производител го смилил ова чудо – јајца варени исецкани и во ролна.
Е ова е веќе револоцуионерен изум – пица корнет
Најмачно е да се бориш со парчето пица – како да го изедеш, а да не се направиш ,, бербат,, овој изумител смислил начин.
Пица корнети. Полесно се јаде, вкусот е ист и се одлични за да ги понесеш со себе и да ги јадеш по улица.
Буда крушки
Во Кина Будизмот влегол и во храната. Еден фармер со години произведува Буда крушки.
Вели му одат како алва. Секоја крушка тој ја става во калап доека расте и растејќи ја добива формата на калапот – Буда
Апчиња од чоколадо
Зависниците од чоколадо сега може да си купат апчиња за својата зависност – чоколадни апчиња.
Мозок од свиња во конзерва
Е ова незнаеме ни како да го искоментираме – освен она што веќе го пишува на конзервата – погледнете го нивото на холестерол.