Новиот сој на норовирусот, зимски вирус кој предизвикува повраќање, се проширил од Австралија на Франција, Нов Зеланд и Јапонија и постепено станува доминантен сој во Британија, соопштија втамошните здравствени власти.
Варијантата на норовирусот позната како Sydney 2012 идентификувана е минатата седмица во едена научна студија, а британската Агенција за заштита на здравјето (HPA) објави дека генетското тестирање покажало дека овој сој засега предизвикува повеќе заболувања во Англија и Велс отколку другите типови на вирусот.
Вирусот Sydney 2012 нема полоши симптоми од другите, но како и другите соеви може да предизвика тешко повраќање, дијареја а понекогаш и треска, главоболка и грчеви во желудникот.
Норовирусите оваа зима се побројни отколку што се очекуваше во Велика Британија и низ Европа, како и во Јапонија и во другите делови од светот
Макфакс