Малото бебе од Италија на кое му било дојагностицирано кардиомиопатија, болест која ги растегнува ѕидовите на срцето до тој степен што тоа повеќе не може да помпа крв. На ова мало бебенце му била потребна итна трансплантација но без соодветен донор тоа не било возможно па докторите морале да импровизираат.
– Овој пациент за нас беше маскота, изјавил хирургот Антонио Амодео од болницата за детски болести во Рим објаснувајќи како малото бебе било во болница на интензивна нега уште од неговата едномесечна возраст.
– Си реков тој не смее да умре, морам да направам нешто за него, додава тој.
Амодео и неговиот тим веќе ја испитале техниката „Берлинско срце“, но направата која вклучува цевки предизвикала ризична инфекција, па затоа тие се одлучиле за малата имплант помпа од 11 грама која била измислена од страна на американскиот доктор Роберт Џарвик и која била тестирана само врз животни.
– Реков, доктор Џарвик ве молам помогнете ми, јас не сакам да го изгубам овој пациент, изјавил Амодео додавајќи дека на болницата и била потребна специјална дозвола од ФДА и од министерството за здравје во Италија пред да продолжи со оваа недокажана техника.
– Знаевме дека за неа постојат само неколку истражувања и тоа врз животни, но исто така знаевме дека можно е и да делува, додава Амодео.
И навистина делувала, одржувајќи го бебето живо 13 дена додека не се појавиле проблеми во електрониката при што докторите биле приморани да го префрлат пациентот повторно на „Берлинско срце“. По два дена пациентот бил спасен бидејќи се појавил донор на компатибилно срце.
– Неверојатно е но ова дете имаше успешна операција во април и беше пуштено на домашно лекување веќе следниот месец. Ние сме премногу среќни затоа што малото момче го видовме повторно во рацете на неговата мајка. Тој ќе биде добро, изјавил доктор Амодео.