Спомениците го разбрануваа ФБ профилот на Милчо Манчевски


Ако подобро го разгледатe профилот ќе забележите дека за кратко време таа фотографија доби најмногу лајкови и околу 40-тина коментари, колку што нема под ниедна друга фотографија.


Режисерот Милчо Манчевски, кој последниве две години деновите ги минува летајќи од едниот на другиот крај на светот, промовирајќи го својот, последен филм „Мајки“ и учествувајќи на бројни фестивали, има обичај од време на време на својата ФБ фан страна да објави фотографии, што ги снима на местата кои ги посетува.

Неодамна, при доаѓањето во Скопје, од Риечкиот филмски фестивал, каде беше во жири, објави фотографија од поставувањето на спомениците на таканаречениот Мост на уметноста на Скопје.
Ако подобро го разгледате профилот ќе забележите дека за кратко време таа фотографија доби најмногу лајкови и околу 40-тина коментари, колку што нема под ниедна друга фотографија.


Внимание предизвика и неговото интервју со наслов „ Јас сум човек без татковина“, дадено за хрватскиот „Нови лист“, кое за жал не може да се прочита на Интернет, доколку не сте претплатник на сајтот на весникот.

Режисерот, во принцип, не се огласува на коментарите од фановите, по некои ги брише, а најчесто одговара доколку има прашање каде ќе биде следната проекција на некое негово дело. Страницата брои над 20.000 активни фанови, но отворена е за коментирање , лајкување и праќање приватни пораки, и за оние кои не се членови на групата.

најавено е дека филмот „Мајки“,  ќе го отвори претстојниот Австралиско македонски филмски фестивал на крајот на септември, во Мелбурн.

Манчевски деновиве заминува за Венција каде ќе биде член на меѓународното жири на светски познатиот фестивал, каде самиот тој пред речиси 20 години триумфираше со филмот „Пред дождот“, го освои Златниот лав и стана култен режисер, на кого му се отворија вратите од светот.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1