Грозницата „Западен Нил“ која ја пренесуваат азиски тигрести комарци стигна во Србија. Според „24сата“ во Панчево и во уште неколку градови во карантин се 17 луѓе, петмина се заболени, а 12 се набљудуваат.
Првите пациенти со симптоми на грозницата „Западен Нил“ почнаа да се појавуваат предминатата недела, па поради сомневање биле задржани во болница. Директорот на Клиничкиот центар Србија, Драган Делиќ потврди дека има заболени од оваа болест, но одбива да даде дополнителни детали.
За среќа овој вирус не се пренесува со контакт меѓу луѓето, туку само ако ги касне заразен комарец.
Симптомите на оваа болест се јавуваат за 3 до 14 дена по убодот. Околу 80 проценти од инфицираните поминуваат без симптоми додека останатите имаат полесна клиничка слика.
Полесна клиничка слика:
Грозница
Главоболка
Мачнина
Повраќање
Тешка клиничка слика
Запаление на мозокот