Тајното име на Барак Обама е „Одметник“, а на Мишел „Ренесанса“


Тајната служба на САД коиристи шифрирани имиња за американските претседатели, првата дама и останатите еминентни личности и места.

Намената на корисетење на тајни имиња во почетокот биле поради безбедносни причини, а нивната употреба датира од времето кога осетливите електронски комуникации не биле рутински шифрирани. Денеска тајното име послужува само поради брзината и јасноста во разбирањето, како и поради традицијата. Кодираните имиња ги смислува Агенцијата за комуникации на Белата Куќа (WHCA), која е основана од времето на Франклин Рузвелт.

Агенцијата има седиште во военото пристаниште во Анакостија, во близина на Вашингтон и се состои од шест одделенија и седум организациони единици. Според воспоставениот протокол, за кодирањето на имињата се предлагаат еднојазични недвосмислени поими, зборови лесни за изговарање и оние кои без проблеми можат да се разберат, за да им биде полесно на сите оние кои ги примаат преносите преку радио и телефон, без оглед на својот мајчин јазик. Традицијата е сите семејни членови да имаат имиња кои што започнуваат со првата буква од нивните оргинални имиња.

Шифрираните имиња се менуваат повремено поради безбедносни причини, но често се познати во јавноста. Се работи за поголема безбедност, шифрите се земаат од списокот на „одговарачки“ зборови, при што се избегнува употребата на секојдневните зборови кои би можеле да се сватат во своето основно значење.

Тајните имиња на некои американски претседатели, познати личности и места

Мит Ромни – Тајното име му е „Џавлин (Копје), исто како што се нарекувал моделот на автомобилот на Американ Моторс, каде што таткото на Ромни бил директор.

Барак Обама – Претседателот Обама го одбрал името „Ренегејд“ (Одметник), кога му го дале списокот со имиња кои почнуваат со буквата „р“. Како што налага и обичајот и членовите на неговото семејство добиле имиња кои почнуваат со истата буква од нивните имиња, па неговата сопруга Мишел добила име „Ренесанса“, а ќерката Маија и Саша, беа „прекрстени“ со „Редијенс“ (Сјај) и „Роузбанд“ (Пупка).

Џон Кенеди – „Копљаник“ (Лансер) добро се вклопува со темата на Камелот, кралскиот дворец Артур, како и со ликот Лансерот, витезот на Артур и големиот „женкарош“.

Ричард Никсон – со надимак „рефлектор“ прилично иронично за претседател кој падна поради аферата Вотергејт, која се откри ноќта кога беа забележани батериски лампи на агенти кои упаднале во просториите на Демократската партија.

Роналд Реган – Одлично му одговара шифраниот надимак „Сирова кожа“ (Роухајд), затоа што во младоста играл во вестерн филмовите.

Кралицата Елизабета „Китихок“ – Организацијата на меѓународното цивилно воздухопловство вака го нарекува транспортот на членовите на британското кралско семејство и владата.

Принцот Чарлс „Јуникорн“ (Еднорог),

Френк Синатра – „Наполеон“

Антонио Бандерас – „Зоро“

Кемп Дејвид – Резиденцијата на претседателот на државата го добила шифрираното име „Кактус“

Канцеларијата на потпретседателот на државата – „Пајакова мрежа“ (кобвеб)

Член на кабинетот на потпретседателот – „Пејсмејкер“

Претседателската лимузина – „Кочија“

Белата куќа – „Касл“ (Дворец)

Собата за инти случаи во Белата куќа – „Мешалица за цемент“

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1