Србија на распродажба. Земете плата и купете куќа.


Во периферните делови на Србија цените на недвижностите се толку симнати  што комплетно наместена куќа чини колку едно половно „Југо“. 

Куќа и малку дворно место во некои од српските села може да се купи за „смешни“ 2-3 илјади евра, пари со кои вообичаено можете да купите една солидна кожена гарнитура. За ефтина но пристојна селска куќа може да се испазарите во Банат, но и во сите делови на централна Србија.

Побогатите сега можат да станат сопственици на цели села, се разбира доколу искешираат околу 100 000 евра. Драган Рабатиќ од агенцијата за недвижности „Solis“, вели најмногу иселување е забележано во Банат, најчесто станува збор за наследени куќи кои наследниците ги продаваат „багатела“.

Слично е и во централна Србија, на југот и истокот. Мирољуб Пешиќ од агенцијата за недвижности „Pešić i sin“  вели цените за солидна куќа се движат од 2 до 3  000 евра, во некои села цените се симнуваат и до неверојатни 400 евра. Цените вртоглаво паѓаат додава Пешиќ, вредноста на некои куќи за само неколку дена се симнала од 8 на 5 илјади евра. Се продаваат две куќи и 4 хектари шума за 18 000 евра. Доколку човек ја исече и продаде само шумата ќе заработи и до 8 000 евра, коментира Пешиќ.

Балкански менталитет, и во Србија како и во Македонија важи правилото „подобро последен в град отколку прв во село“ За разлика од развиените земји каде што традицијата и наследството се на прво место.  Селата во Македонија се одамна испустени, а куќите оставени на забот на времето.

Само за потсетување, старите куќи (нашите но и оние во Србија) најчесто се правени од камени sидови дебели и до еден метар. Оваа мајсторија денес е во изумирање. Оние малкумина што го работат тоа, и тоа како си го ценат трудот. Доколку денес градите квалитетна куќа од камен сигурно би ве чинела повеќе од 70 000 евра.

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1