Среќен роденден Македонијо


 

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.

95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.

Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.

Но пречка на сите настани со кои се зацврстија темелите на независноста и самостојноста на македонија беше бојкотот на референдумот на дел од албанските етнички заедници, а пратениците Албанци не го подржаа новиот Устав. Поради тоа после десетина години, незадоволните Албанци мораше да се задоволат поради што веднаш по конфликтот во 2001 година нов Устав – мораше да се надополни, а беше потпишан и рамковен договор.

Низ тие 20 години независност, Македонија се  соочува со низа проблеми. Сите тие проблеми меѓу кои како најактуелни може да се издвојат грчкото ембарго, високата инфлација, стапката на невработеност, конфликтот во 2001 година и приливот на косовските бегалци се само еден мотив и предизвик за голема борба, за  зајакнување на демократијата слбодата на говорот како и евроинтегративните процеси.

Последниве години ги одбележа процесот на прилагодување на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната потребни за членство во НАТО.

Минатата година Македонија славеше точно 20 години од својата независност. Сеуште не може да се пофалиме со големи успеси, економски и политички, но досегашните стратегии се покажаа како добри што се само еден показател дека Макеоднија треба само така да продолжи да работи, а еден ден да биде дел од големото европско семејство и НАТО.

Годинава, 21 годишнина од незавиноста на земјата ќе се одбележи со голем концерт кој ќе се одржи во Арената Филип Втори. На сцената ќе настапат големите македонски и балкански ѕвезди, тавитјан, Калиопи, Каролина Гочева, Јосипа Лисац, Жељко Бебек, Хари Варошановиќ, Александра Радовиќ, Борис Новковиќ, Нина Бардиќ, Тереза Кесовија, Аки Ракимовски, Дадо Топиќ, Мики Јовановски-Џафер , Ристо Самарџиев, Есма Реџепова, Влатко Лозановски и други.
Цената на билетот е 20 денари. Во продажбва се пуштени 70 000 влезници.
На централната прослава ќе и претходи свечена академија која ќе се одржи во Македонската опера и балет, и на која ќе учествуваат хорот и оркестарот како и солистите на оваа наша национална установа. За овогодинешната прослава на незавиноста на нашата земја ќе бидат потрошени 58 000 евра, пари за осветлување, сцена озвучување и пропаганден материјал.

“Нека им е честитит денот на независноста на сите Македонци. Нека ни е вечна Македонија!!!!”

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1