Старите затемнети икони се заменуваат со златни


Златни икони во струмичката црква Свети 15 Тивериополски Маченици

Олтарот во струмичката црква Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици доби златен сјај. Старите затемнети икони се заменуваат со златни.

Иконите ги изработуваат монахињи-иконописци, и се висококвалитетни поради примена на традиционалниот начин како старите мајстори, чии икони преживеале со векови.

Постоечките икони што ги изработил самоук мајстор од селото Секирник, ќе бидат сместени во депото на црквата. Подоцна ќе се изложат во црковната галерија, која содржи исклучително стари икони од повеќе средновеовни цркви од овој регион.

Отец Димитар Крцев вели дека наскоро црквата ќе добие сосема нов лик, бидејќи ќе се менува и фасадата на црквата Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици.

Извор: ТВ Вис

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1