Филе: Македонци, македонски граѓани, македонска држава, наместо ФИРОМ


Македонци, македонски граѓани, македонска држава, наместо „државјани на ФИРОМ, вашите граѓани и вашата држава“. Ова се пораките кои по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска на прес-конференција ги испрати еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе.

со ова индиректно даде потврден одговор на прашањето дали во октомврискиот извештај на Европската комисија ќе се најде место за одредницата „македонски”, пренесува Вест.

,,Нема потреба Иванов да бара од мене поддршка за евроинтегративниот процес на македонската држава, јас го правам тоа оти верувам во проширувањето на ЕУ и верувам дека членството на Македонците во ЕУ ќе го зајакне самиот процес на проширување и од него ќе имаат бенефит сите македонски граѓани.,, изјавил Филе

,, Очекуваме позитивен извештај од страна на Европската комисија и деблокирање на процесот за евроинтеграции за нашата земја. Ние сме свесни дека одлуката се носи со консензус, но имаме надеж дека позитивните резултати што Македонија ги постигнува ќе дадат резултат да добиеме датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, изјави Иванов.

Иванов повтори дека стои зад својата изјава дека нема да го прими октомврискиот извештај на Комисијата ако во него не стои придавката „македонски”.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1