Стартува Олимпијада – протекоа фотографии од генералната проба


Вечерва точно во 20:12 часот, по британско време стартува церемонијата на свеченото отворање на олимписките игри 2012.

Програмата е наречена „Островот на чудото“ и режирана е од оскаровецот Дени Бојл.

Иако на генералната проба имаше 62. 000 гледачи кој мораа да положат заклетва дека нема да споделуваат информации за да не се расипе изненадувањето – сепак некој не додржал па протекоа неколку фотографии, а богами и информации.

“Островот на чудото” ќе трае три часа чини 36 милиона евра, а ќе го гледаат  62.000 гледачи на самиот стадион и уште милијарда низ целиот свет преку дирекните преноси. Организацијата пак на игрите чини вкупно 1,6 милијарди евра.

Покрај 16 илјади спортисти на отворањето ќе има и 10 илјади артисти, пеачи, танчери, во церемонијата се вклучени и 70 овци, 12 коњи, 10 кокошки, три крави, две кози, едно куче и една гуска.

Факелот, со кој ќе се запали олимпискиот пламен допатува од Грција до стадионот во Стратфорд во Лондон и прејде 12.875 километри. Не се знае кој ќе го запали олимпискипт оган откако Дејвид Бекам ја одби понудата.

Свечаноста ќе започне со огласување на звона кои се излиени во ливницата ” Вајтчапел Фаундри”. Која е во Гинисовата книга на рекорди запишана како најстара британска фирма за производство на звона – од 16. век.

По пристигнувањето на британската кралица Елизбета Втора на стадионот, воведен говоре ќе одржи претседателот на Олимпискиот комитет Жак Рог и претседателот на Организациониот одбора на Игарите, екс атлетичарот Себастијан Коу.

Следи дефиле на спортистите на сите земји-учеснички, по азбучен ред, но по протокол, прва ќе пројде репрезентацијата на Грција, како основоположници на Игрите, а домаќините, Британците ќе излезат последни.

После интонирање на химната на Игарите, и подигнувањето на олимпиското знаме, по еден спортиста, судија и тренер од репрезентацијата на домаќините ќе положи олимписка заклетва за фер натпреварување.

Олимписките игри ќе ги обезбедуваат 20.000 луѓе, од кои 16.000 професионални војници.

На игрите се натпреваруваат 10.500 спортисти од 204 земји.

Лондон, е првиот град во кој Игрите се одржуваат три пати. Претходно во 1908. и 1948.

Игрите, ќе траат од 27. јула до 12. август

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1