Научници во Тексас, набљудувајќи една ѕвезда, пронајдоа доказ дека истата проголтала планета. Тврдат дека иста судбина ја чека и планетата Земја, која како што говорат и се заканува опасност од Сонцето.
Како што пренесува Би-Би-Си, амеркинаско-полски-шпански тим на научнии пронашле доказ дека ѕвездата всушност проголтала планета. Посматрувајќи ја од Тексас, ѕвездата под име BD+48 740, која припаѓала на групата црвени џинови, научниците приметиле промена во нејзиниот хемиски состав. Претпоставуваат дека единствената „преживеана“ планета, која во моментов кружи околу ѕвездата, најверојатно била исфрлена од својата орбита.
на температурата на јадрата на таканаречените ѕвезди „црвени џинови“, предизвикуваат зголемување на нивната површина. Тоа е процес кој како последица допринесува за уништување на околните планети.
„Слична судбина би можела да имаат и некои од планетите од Сончевиот систем кои кога Сонцето ќе се претвори во црвен џин и ќе се прошири се до земјината орбита ќе бидат комплетно уништени. Тоа би можело да се случи за отприлика пет милијарди години“, изјави професорот Александер Волшчан од Стејт Универзитетот во Пенсилванија.
Ева Валвер од Универзитетот Аутоном од Мадрид, изјавила дека поради брзината со која се одвива процесот на продирање е речиси неверојатно тоа што успеале да го забележат во еден момент.
Изразито издолжената орбита на оваа масивна планета, која ја откривме во загадениот црвен џин, е всушност доказ дека оваа ѕвезда ја проголтата оваа масовна планета“, изјавила Ева Вилавер.