Судот го забрани штрајкот на лекарите – ќе има само 30 мин протест


В понеделник ќе се одржи само предупредувачки штрајк, не генерален. Судот издаде забрана за генералниот штрајк, и тој нема да се оддржи. Синдикатот на лекарите ќе се жали до Апелација.

,,Среќна нова 1949.“ алудирајќи на филмот – вака претседателот на синдикатот ја прокоментира оваа одлука на судот.

„Ќе се излезе половина час за време на паузата, во тек на работно време, да се изрази протестот на лекарите во Клиничкиот центар и во сите градови во Република Македонија. “ стои во соопштението од синдикатот.

Судот во образложението на одлуката вели дека во решението за штрајк Синдикатот не утврдил како ќе функционираат клиниките додека трае штрајкот.

Министерот за здравство Никола Тодоров, кој ја даде одлуката за штрајк на суд тврди дека „одредени структури“ се обидуваат да ги минираат преговорите со Синдикатот.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1