Свадба во порта Македонија ќе чини 500 евра


Галеријата на порта Македонија има две нивоа и ќе се изнајмува за венчавки, коктели, прес-конференции, семинари. Галеријата е со површина од 120 и 76 квадратни метри

Според ценовникот за работа, еден час изнајмување чини 6.000 денари, 2 часа 10.000 денари, а потоа за секој еден час се плаќаат плус 5.000 денари.За три часа изнајмување на просторот во Порта Македонија ќе треба да платите 15.000 денари, за четири часа 20.000, додека за пет часа 25.000 денари. Закупување на просторот за повеќе од пет часа, чини 30.000 денари.

Според ценовиникот доколку сакате свадба од над 5 часа , значи ќе ве чини 500 евра.

За овие пари добивате и комплетна аудио и видео поддршка како и услови за симултан превод, информираат од министерството за култура.

Уште не отворена интересот за изнајмување бил огромен.

Викендот, се отворени и терасата на објектот, која има површина од 180 квадрати, која сега ќе работи само како видиковец, за што се поставени и два телескопа.

Порта „Македонија“ ќе работи секој ден од 10 до 22 часот, а цената на влезницата е 30 денари.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1