Свештеник педофил се „правдал“дека го истражувал „Пеколот“ од Данте


Професорот и свештеник обвинет дека присилил малолетна девојка на сексуален однос тврди дека само го истражувал романот. Брајан Џералд Ширинер им рекол на детективите дека морал подобро да го истражи гревот на страста и дека на интернет барал некој со кого ќе разговара за романот.

Шинер, татко на две ќерки, е уапсен минатиот месец во тајна „Онлајн“ истрага во Орландо кога мислејќи дека се допишува со 14 годишно девојче, всушност комуницирал со детективи кои се претставиле како дете.

За време на допишувањата тој зборувал за разни сексуални чинови.

За време на психолошките анализи Шинер рекол дека знае оти тоа звучи бесмислено, но дека тој само сакал да направи истражување за романот.

– Можам да ви покажам дека пишувам роман. Знам дека звучи смешно, но…Јас сфаќам навистина колку е глупаво тоа што го направив денеска, рекол Шинер.

Тој на детективите им рекол дека не планирал да направи ништо од она што му зборувал на девојчето, и додал дека неговите ќерки имаат 12 и 22 години.

Свештеникот се изјаснил дека не е виновен за обидот за принуда на малолетно девојче на сексуален однос, а судењето ќе се одржи во Октомври.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1