13/05/2019 13:56
•
Posted by: MK News
Првиот работен ден новиот претседател Стево Пендаровски го почна со пораки за граѓанско помирување и залекување на отворените рани од скорешното минато. -Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување, затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2019 14:35
•
Posted by: MK News
Во вила „Водно“ во тек е официјалната церемонија на која досегашниот претседател Ѓорге Иванов му ја примопредава функцијата на Стево Пендаровски. Церемонијата е со највисоки воени и државни почести, а по нејзиното завршување Иванов и Пендаровски треба да одржат тет-а-тет средба. Потоа ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во Кабинетот на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2019 14:51
•
Posted by: MK News
Вчера од страна на Бирото за Јавна Безбедност – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции при МВР, а во тесна координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2019 12:56
•
Posted by: MK News
Антикорупциската комисија денеска одржува седница на која отвори повеќе предмети по чуен глас, по пријави од граѓани и политички партии. Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска по пријава на ВМРО- ДПМНЕ отвори постапки за одделни пет предмети за случаи поврзани со власта, и најави уште еден за судир на интереси. Отворени се постапки за предметите „Глобал“, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2019 13:00
•
Posted by: MK News
Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциск по завршувањето на тридневната посета на Бугарија и на Северна Македонија изјави дека најмногу го импресионирале калуѓерките на Мајка Тереза во Скопје. Папата Франциск на новинарите кои патуваа со него во папскиот авион на враќањето во Рим изјави дека не бил воопшто изморен од тридневната посета на Бугарија и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2019 21:23
•
Posted by: MK News
Папата Франциск во дворот на Меморијалниот центар „Мајка Тереза“ се сретна и благослови граѓани кои припаѓаат на социјални ранливите категории. Една самохрана мајка, му ја раскажа својата тажна приказна и истакна дека кога се нашла во тешка животна ситуација заедно со нејзината ќерка била прифатена од Чесните сестри, иако е од православна вероисповед и упати […]
______________________________________________________________________________________________________
06/05/2019 13:10
•
Posted by: MK News
Северна Македонија ќе биде 42-ра земја што ќе ја посети папата Франциск од неговото устоличување како понтиф на Римокатоличката црква во 2013 година. Папата треба да пристигне во апостолска посета на земјава на 7 мај, а претходно ќе ја посети Бугарија. Папата досега имал 29 апостолски патувања надвор од Ватикан кои опфаќаат земји каде што […]
______________________________________________________________________________________________________
06/05/2019 13:02
•
Posted by: MK News
Министерот за култура Асаф Адеми поднесе оставка. Причина за негова одлука се здравствени проблеми. На последниот состанок од Централното претседателство на партијата тој побарал да поднесе оставка, која што била прифатена од највисокото партиско тело. Тој останува во партијата и ќе продолжи да помага во нејзиното функционирање. Според неговите информации, Алтернатива ќе продолжи да го […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 22:18
•
Posted by: MK News
Стево Пендаровски вечерва прогласи победа, и се заложи дека ќе им служи на сите граѓани. Тој истакна дека изборите биле фер и демократски и кристално чисти, спроведени по европски вредности. „Ова денеска беше нашата достоинствена Македонија. Победа на мнозинството граѓани, независно од политичка и етничка припадност. Се обедини и рече продолжуваме заедно напред – никогаш […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 22:06
•
Posted by: MK News
На речиси 95% од обработените гласови разликата помеѓу кандидатот на СДСМ и ДУИ е константна, а кандитот Стево Пендаровски победи со околу 60.000 гласа разлика пред кандидатот за Претседател на Македонија, професорката Силјановска. Според неофицијалните податоци на ДИК, Македонија го избра петтиот претседател а тоа е Стево Пендаровски благодарение на гласовите од албанската етничка заедница.
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 19:55
•
Posted by: MK News
Република Македонија денеска го избира петтиот претседател. Гласачките места се затворени, а пребројувањето на гласовите само што започна. Резултатите може да ги следите во живо на веб-страницата на Државната изборна комисијa https://rezultati.sec.mk/mk-MK/1/r
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 18:39
•
Posted by: MK News
Постигнат е бараниот цензус на вториот круг од претседателските избори. Според првичните информации до 18 часот е 41%. Оваа информација ДИК се очекува да ја соопшти на прес конференцијата закажана за 18:30 часот. На два часа до затворањето на избирачките места, поточно до 17 часот, на гласање излегле 665.985 граѓани, или 38,23 % од избирачите. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 14:48
•
Posted by: MK News
Православните верници во понеделник го прославаат Ѓурѓовден, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви. Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во […]
______________________________________________________________________________________________________
30/04/2019 01:36
•
Posted by: MK News
Глоба и 5 години забрана за влез во Македонија заработи едно лице кое беше инволвирано во индидентот со албанското знаме кој се случи денес во Охрид. Порталот centar.mk јави дека одлуката е донесена од страна на судија на претходна постапка. Случајот денес го забележаа граѓаните кои живеат во тој дел на градот, а на фотографиите […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2019 15:04
•
Posted by: MK News
Една жена загина, а рабин и уште две други лица се ранети откако 19-годишен напаѓач пукаше во синагога во близина на Сан Диего, соопштија американските власти. Претседателот Доналд Трамп и други официјални претставници го осудија нападот и го карактеризираа како антисемитски, објави агенцијата АП. Трамп изрази сочувство до жртвите и луѓето засегнати од овој напад, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2019 14:52
•
Posted by: MK News
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2019 10:46
•
Posted by: MK News
Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина Ѓорче Петров. Станува збор за избирачкото место 2564, каде гласале 405 избирачи, а во кутијата имало 408 ливчиња. Комисијата на денешната седница донесе одлука да го разреши избирачкиот одбор и да поведе дисплинска постапка за […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2019 10:38
•
Posted by: MK News
Кумановецот Елам Селахи кој беше пронајден убиен со неговиот осумгодишен син во негоавата „опел астра“ во атарот на селото Слупчане бил познат лихвар, јавува Телма. Убијците го чекале сокриени зад дрва во темница, пред ладнокрвно да отворат оган над автомобилот со затемнети прозорци на 47-годишникот еден час синоќа пред полноќ. Вознемирените селани на Опае и […]
______________________________________________________________________________________________________