Tag Archives: s1

За 7 дена починале 26 вакцинирани – еве кое годиште се и од што боледувале

Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години. Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на […]

______________________________________________________________________________________________________

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ победи во 21 општина во првиот круг од изборите

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција соопшти дека во првиот круг на локалните избори кандидатите за градоначалници на партијата победиле во Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Бутел, Гази Баба, Виница, Зрновци, Петровец, Илинден, Штип, Карбинци, Свети Николе, Велес, Градско, Босилово, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Могила, Новаци и Јегуновце. Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски на прес-конференцијата посочи и дека се очекуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е застреланиот косовски Србин од страна на косовските специјалци ФОТО

Србинот, Среќко Софронијевиќ, кој беше застрелан во полициската рација на специјалните единици на косовската полиција, во моментов е на операција во болницата во Косовска Митровица, пишува српски „Блиц“. Софронијевиќ, според информациите од лекарите, има тешка прострелна рана, но не се наоѓа во животна опасност. Тој беше застрелан во моментот кога косовската полиција отвори оган, а […]

______________________________________________________________________________________________________

(ВИДЕО) ХАОС НА КОСОВО: Солзавци, искршени автомобили, повредени Срби

Косовската специјална единица РОСУ упадна на повеќе локации на северот од Косово во акција за „спречување на криумчарење стока“. Српските медиуми јавуваат за десетици повредени, од кои едно лице е во животна опасност. Косовска полиција јавува дека шест повредени полицајци и тројца уапсени во денешната акција во северно Косово. Тешко повредeниот Србин е веќе опериран […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонки уапсени на преминот Прешево заради лажирање на вакцинација во Врање

Две државјанки на Република Македонија ги доведоа во заблуда здравствените работници во Србија, успевајќи да добијат потврда за вакцинација, иако не ја примиле вакцината, јави дописникот на МИА од Белград. Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање на главниот пункт за вакцинација во тој град, потврдија од Основното јавно […]

______________________________________________________________________________________________________

Црвенковски: Македонија живее на кредити, а кој живее на кредити умира на рати

Поранешниот претседател и премиер на Република Македонија, Бранко Црвенковски во денешното обраќање на научниот собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година” во организација на МАНУ ја искритикува власта во државата, оцени дека Македонија е корумпирана држава, дека е длабоко конфронтирана и поделена и дека […]

______________________________________________________________________________________________________

3 минути 14 животи – се појави снимка од пожарот во ковид центарот во Тетово (Видео)

Се појави траорна снимка од пожарот на ковид центарот во Тетово. На видеото од околни безбедносни камери се забележува евакуација на дел од пациентите од модуларната болница, но и брзината со која огнената стихија го голта целиот објект.  

______________________________________________________________________________________________________

ЈО: 12 од загинатите биле ковид пациенти, а две роднини на пациенти

Дејствијата кои ги преземаат петтемина обвинители за утврдување на причината за настанување на пожарот во Модуларната Ковид болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица, во континуитет продолжуваат, соопштија од Јавното обвинителство. Од ОЈО посочија дека биле донесени наредби за вршење на судско-медицинска обдукција и идентификација на телата на починатите до Институтот за […]

______________________________________________________________________________________________________

Во ковид-центарот во Тетово имало 26 пациенти, 14 загинаа, 12 се префрлени во тетовската болница

Министерството за здравство соопшти дека во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што се посочува, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. -Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Има потврдени 10 жртви, бројката може да порасне!

Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата, објави Венко Филипче, министер за здравство вечерва на твитер. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да […]

______________________________________________________________________________________________________

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Неколку жртви во пожарот во тетовската болница?

Околу 21 часот избувна пожар во модуларната болница во Тетово. Во моментов на терен се противпожарни екипи, но во гаснење на пожарот и во евакуирање на пациентите помага и болничкиот персонал. Вклучени се и голем број граѓани. Поради силниот интензитет на пожарот, три возила на скопската противпожарна служба веќе се на пат за Тетово. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Пристигна првата група 149 авганистански граѓани во Скопје

Со авион на компанијата „Камаир“ вечерва преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан што ќе бидат прифатени во нашата земја. Веднаш по слетувањето жена во 39-тата недела бременост, нејзиниот сопруг и дете со возило на Итната помош беа однесени на Гинеколошката клиника во Скопје за контрола. Со друго возило […]

______________________________________________________________________________________________________

Д-р Пановски: Дајте им на прележаните рок од барем 6 месеци да се вакцинираат

Епидемиологот, д-р Никола Пановски се огласи на Фејсбук и порача дека природно стекнатиот имунитет од прележување на болеста предизвикана од корона вирусот е значително посилен во однос на вакциналниот. „За да нема недоразбирање:1.Вакцините против ковид спасуваат животи. Треба да се почитуваат и да се даваат на лица на кои им се потребни. Лично сум од […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕУ го одобри македонскиот дигитален сертификат за Ковид-19

Европската комисија вчера го одобри нашиот дигитален сертификат за Ковид-19. Нашата држава, како што информира Министерството за здравство, е прва во регионот за која сертификатите за Ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ. – Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни […]

______________________________________________________________________________________________________

Вакцинираните со две дози имаат полесни симптоми, болнички се лекуваат оние со дополнителни заболувања

Има пациенти што се со срцеви, бубрежни или други хронични заболувања и затоа е потребно да имаат болничка нега, вели директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стевановиќ „Пациентите што се хоспитализирани и целосно вакцинирани, според инфектолозите, се со полесна клиничка слика за разлика од оние што се невакцинирани. Вакцинираните хоспитализирани пациенти имаат други […]

______________________________________________________________________________________________________

За две недели 101 починат од Ковид во Македонија, 9 од нив вакцинирани, со коморбидитети

Министерството за здравство соопшти дека 85 отсто од новите КОВИД случаи и 91 процент од хоспитализираните се невакцинирани. Според двонеделната анализа, од 06.08 до 19.08.2021 на територијата на државата 9881 граѓанин се позитивни од тестираните на КОВИД. Од нив 1507 биле целосно вакцинирани (со две дози) или само 15 проценти. -Голем е бројот на невакцинирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Донесени новите мерки: само вакцинирани во кафеана – сертификат, ПЦР за влез во Македонија

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 99-та седница ги донесе најновите мерки, протоколи препораки за заштита на здравјето на населението од КОВИД – 19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести. Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот […]

______________________________________________________________________________________________________

Србин кој живее во пештера примил вакцина, го привлече вниманието на Илон Маск (ВИДЕО)

Панта Петровиќ од Пирот, познат по тоа дека веќе 15 години живее во пештера, се вакцинирал неодамна против ковид-19 и ги повика сите да се вакцинираат во што поголем број. Светскиот милијардер Илон Маск на „Твитер“ го поддржа потегот на Петровиќ и им испрати силна порака на следачите. Петровиќ го привлече вниманието не само на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1