10/11/2017 16:14
•
Posted by: MK News
Официјално од 1-ви декември Канада најави укинување на визите за бугарските и романските граѓани.Со оваа одлука во Канада без виза ќе можат да патуваат сите оние граѓани кои имаат 10-годишна канадска виза како и оние кои имаат важечка виза за САД. Канада донесе ваква одлука по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2017 23:48
•
Posted by: MK News
Полицијата ја затвора истрагата за убиството на дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев кој во петокот вечерта со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром.МВР сослушува сведоци на грозоморното убиство кое се случи вчера попладне во скопски Аеродром, за да се открие идентитетот на напаѓачот или напаѓачите кои го усмртија […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2017 18:45
•
Posted by: MK News
Случајот Каталонија го отворил прашањето кое би можело да предизвика слични ситуации во други европски земји, односно на места каде постојат амбиции за поголема автономија или пак отцепување. Guardian анализирал во кои европски земји би можела да се повтори Каталонија, односно каде постојат амбиции за осамостојување или поголема автономија. Кога станува збор за источна Европа, […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2017 17:01
•
Posted by: MK News
Каталонскиот парламент прогласи независност на регионот од Шпанија. Пред зградата на Парламентот голем број приврзаници на независноста слават поради одлуката на народните избраници.Каталонскиот парламент денеска се изјасни во прилог на независност на провинција, а само неколку минути подоцна горниот дом на шпанскиот парламент изгласа укинување на автономијата на Каталонија Претходно, со 70 гласови „За“, 10 „против“ […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2017 16:08
•
Posted by: MK News
Православните верници ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква. Kултот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Многу лековити извори […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2017 15:50
•
Posted by: MK News
Одредувањето на цените на тарифата под лупа на регулаторите. Комисијата ќе го има последниот збор- колку пари, граѓаните од домашната кошничка ќе треба да одвојат за сметките за вода- пишува Република. Претпријатијата се обврзани, да ги достават прогнозите за висината на цената до Регулаторна комисија. Комисијата пак според поднесените извештаи, ќе го одредува опсегот на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2017 16:35
•
Posted by: MK News
Црквите во Повардарската епархија од пред неколку месеци наплатуваат за фотографирање. Сликањето и снимањето на пред црква се наплаќа 500 денари, а внатре во верските објекти 1.500 денари. Одлуката која ја донел владиката Агатангел веќе се спроведува во Велес. Фото студија од овој крај ја потврдуваат информација за МКД. Тие дури наведуваат дека имеле неуспешна […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 13:16
•
Posted by: MK News
Четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, а во 35 ќе има втор круг на 29 октомври. Во првиот круг избрани се градоначалници на Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/10/2017 17:52
•
Posted by: MK News
Данската полиција денеска соопшти дека ги пронашла отсечените глава и нозе, како и делови од облеката на шведската новинарка Ким Вол, која исчезна по интервју со данскиот иноватор на подморница Петер Медсен. Полицискиот инспектор Јенс Милер Јенсен информира дека главата и нозете на Вол се пронајдени во една пластична ќеса во Копенхаген, крај која имало […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2017 23:44
•
Posted by: MK News
Не ја издржа битката за живот. Почина и бебето на 30 годишната родилка од Желино која во петокот ноќта не го преживеа породувањето во тетовската болница. Новороденчето во тешка состојба било пренесено на Клиниката за детски болести. Лекарите на одеделот за интензивна нега веднаш го приклучиле на апарати, но лекувањето заврши без успех. – За […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2017 23:42
•
Posted by: MK News
Во 1984 година, тогаш како државјанин на Југославија, македонецот Наум Цоневски убил двајца млади во Феморен, на островот Амагер во Копенхаген. Врховниот суд на Данска денеска треба да ја разгледа неговата жалба за пуштање од затвор. Откако градскиот суд во Копенхаген ја одбил молбата на Цоневски да биде пуштен во април, сега повисокиот суд треба […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2017 14:04
•
Posted by: MK News
Kомисијата за стручен надзор на работата на Клиниката за гинекологија, што ја формираше Министерството за здравство за овој случај, констатирала медицинскиот персонал постапил според предвидените медицински протоколи на 21 овој месец, кога за една ноќ починаа четири бебиња. „Даден е соодветен третман пред породувањето, запазени се правилата за индикација за оперативно завршување на предвреме започнатото […]
______________________________________________________________________________________________________
29/09/2017 16:16
•
Posted by: MK News
Четири новороденчиња починале во еден ден на скопска гинекологија. Сите биле предвремено родени и сместени во инкубатори на одделот за интензивна нега. Скандалозно во овој случај е што дежурниот педијатар не бил на работното место. Докторката ја напуштила клиниката само еден час откако дошла на смена. Медицинските сестри ја повикале кога се влошила состојбата на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:01
•
Posted by: MK News
По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството Во народните верувања денот се нарекува Крстовден и се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 17:45
•
Posted by: MK News
Руската јужна Краснодарска област била шокирана од веста за парот канибали кои би можеле да бидат одговорни за 30 грозоморни убиства, пренеле локалните медиуми. Деловите од телата на некои од жртвите наводно биле “оставени за подоцна”. Пар, маж и жена, биле уапсени, а се проценува дека би можеле да бидат одговорни за 30 смртни случаи, […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2017 21:00
•
Posted by: MK News
Велес во Македонија некогаш бил Титов Велес и бил познат како место каде се произведувало порцелан за цела Југославија.Во овој град денес се сместени неколку оператори што произведуваат лажни вести, дизајнирани да привлечат внимание на Американците. Секој клик додава пари на нивниот профил, пишува CNN.Еден од пионерите во тоа “индустрија” е Михаил (24), како што […]
______________________________________________________________________________________________________
22/09/2017 19:45
•
Posted by: MK News
Внатре во Северна Кореја – Како САД ја потценува – Извештај на руската телевизија. “Оние кои Северна Кореја ја сметаат за заостаната држава некаде во некоја недојдија, прават голема грешка”. Тука имаме пример за тоа како руските ТВ вести некогаш се пред мејнстрим медиумите во САД и Европа. За почеток, овој извештај е долг 12 […]
______________________________________________________________________________________________________
22/09/2017 19:09
•
Posted by: MK News
Треба ли да молиме за лекови за живот? Несоодветната терапија довела до ампутација на нозете на 57 годишниот Драган од Скопје. Пред 10 години лекарите откриле дека има хронична миелоична леукемија. Прво сам се снаоѓал со потребните лекови. Ги набавувал по 200 евра од Индија и Кина за разлика од Европските држави каде биле дури […]
______________________________________________________________________________________________________