Tag Archives: s2

ПО ПОВЕЌЕ ОД 7 ЧАСА ПРЕГОВАРАЊЕ: Преговорите пропаднаа

По седум часа преговори во Собранието, власта и опозицијата не најдоа заедничко решение за Законот за Јавно обвинителство. Новинарските екипи кои цела вечер во Собранието ја следеа лидерската средба, си заминаа. Копјата според инормациите на Пресинг Тв се кршеле околу тоа кој да го води обвинителството. Власта инсистирајла на чело на новото обвинителство за органзиран […]

______________________________________________________________________________________________________

Комисијата едногласно за разрешување на Јанева

Комисијата за прашањата на изборите и именувањата без дискусија со едногласна одлука го утврди предлогот до Собранието, Катица Јанева да биде разрешена од функцијата специјална јавна обвинителка поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата Специјално јавно обвинителство. Но како што јавија дел од медиумите вчера попладнето Јанева доставила писмо од затворот за активирање на […]

______________________________________________________________________________________________________

Фетаи ќе го покани Заев за сведок во „Монструм“, на 5 септември ќе се слушаат бомбите во судот

Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан во улога на сведок во врска со случајот „Монструм“, најави денеска обвинителката Фатиме Фетаи, која го води предметот. На денешното судско рочиште за петкратното убиство кај Смилковско езеро, познато под работно име „Монструм“, беше договорено дека од 5 септември во судница ќе почне објавувањето околу 38 илјади прислушкувани разговори […]

______________________________________________________________________________________________________

Велија Рамковски одговара – ќе има ли повторно А1 ТВ

Сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски, во изјава за Пресинг ТВ ги негира натписите во некои медиуми дека телевизијата наскоро повторно ќе се отвори. Вели дека кампањата и воведувањето на новиот бренд и ребрендирањето во А1 на телекомуникацискиот оператор ВИП нема врска со телевизијата. Тоа нема врска со телевизијата А1 иако е добра анкета […]

______________________________________________________________________________________________________

Есад Рахиќ: За Јанева има безбедносна проценка, таа не може да контактира со Боки 13

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, поради безбедносна проценка на затворската управа, е во посебен оддел на истражниот затвор Скопје, заедно со уште една приведена, вели директорот на затворот Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа. Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Алсат: Покрај Јанева денеска приведени и двајца политичари

Според информации на Алсат, покрај специјалната обвинителка Катица јанева, денеска се приведени и двајца политичари поврзани со случајот „Рекет“. Засега нивните имиња не се откриваат, но од Основното јавно обвинителство прес конференција најавија за во 14:00 часот.

______________________________________________________________________________________________________

Савовски: Боки 13 одлично „се држи“ во притвор и ги следи сите вести за него

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро и од тоа што очекувавме, вели за „360 степени“ адвокатот Димитар Савовски, кој е дел од одбраната на Боки 13. Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот. Боки 13 е информиран за сите вести поврзани со […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиен е 17годишник од Ново Лисиче

Од расправија до физичка пресметка која заврши со убиство, синоќа по полноќ на улицата феруарски поход во скоспката населба Ново Лисиче настанала расправија по што со ладно оружје избоден е до смрт малолетникот Н.Х. Од МВР информират дека 18 годишникот убиец А.Т. е приведен. На 14.08.2019 во 00:35 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, суетен новинар и педер да ја срушат Владата

Нема да дозволам индивидуалци да ја срушат оваа Влада, изјави Премиерот Зоран Заев на првото појавување во јавноста по годишниот одмор и објавените бомби во италијанскиот весник “Ла Верита” во кои беше споменато и неговото име. Тој додаде дека секој кој е инволвиран во случајот “Рекет” и го прекршил законот мора да одговара. -Секако нема […]

______________________________________________________________________________________________________

Лиле Стефанова по распитот: Се што имав да кажам, се кажав

Пет часа давав исказ како сведок и се што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата, не можам да дадам ниту една друга изјава во однос на она што веќе го имам споделено. Се што имав да кажам, се […]

______________________________________________________________________________________________________

Беџети: Заев бараше од мене да влијаам да се смени претседател на суд

Првиот човек на Општина Сарај Блерим Беџети вели дека прв кој телефонски му се јавил за поништување на легализацијата на дивоградбите на Матка од претходната власт бил премиерот Зоран Заев. Како што тврди тој, преки неговиот личен шофер му ги доставил сите списи. Најнапред, вели Беџети, овој потег на Заев го сфатил како обид за […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Обвинителство повеќе од три часа трае распитот на Стефанова

Повеќе од три часа во Обвинителството за организиран криминал трае сослушувањето на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова во врска со случајот „Рекет“. Засега нема официјална информација до кога ќе трае распитот на Стефанова и дали таа ќе даде изјава за новинарите кои чекаат пред обвинителството. Распитот го води обвинителката Ивана Трајчева, во отстуство на шефицата […]

______________________________________________________________________________________________________

Боки 13 му кажува на Камчев за Заев: „Знам што сум зборел со него за тебе“

Под наслов „Боки 13 се гордее со своето пријателство со македонскиот премиер Зоран Заев“ италијанскиот весник „Ла верита“ објавува нови четири аудио снимки меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев. Во 30 минутното видео се слуша како Боки 13 го спомнува и премиерот Зоран Заев и му кажува на Камчев дека ќе се сретне со него […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка, рекол Боки 13 во полиција?

Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“, наводно рекол Бојан Јовановски во полиција кога го привеле, објавува српски Курир на насловната страница. На утрешната насловна страница на српски Курир може да се види фотографија од Боки 13 со неговата мајка, како и со премиерот Зоран Заев и со специјалната обвинителка во оставка […]

______________________________________________________________________________________________________

КАМЧЕВ СЕ ОБИДЕ ПРЕКУ ЧИФЛИГАНЕЦ ДА ВЛИЈАЕ НА ИСТРАГАТА, ВЕЛИ ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА

Обвинителката Лиле Стефанова, која во најновиот објавен снимен разговор што го пушти италијанскиот весник „Ла верита“ осомничениот во „Империја“ Орце Камчев се обидува да ја компромитира со тоа дека наводно преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец барала дуќан за стоматолошка ординација, вели дека е лага од осомничен кој е свесен дека тој самиот се снима. Обратно е, […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанева потврди – гласот на снимката е мој – за изјавата имаше оправдана причина

Италијанскиот весник „ Ла Верита“, утрово објави нов запис во траење од 12 минути составен од серија разговори меѓу Јордан Камчев,осомничен во случајот империја на СЈО иБојан Јовановски и Зоран Милевски кои се осомничени во случајот„Рекет“. Во една од снимките се појавува и гласот на шефот на СЈО Катица Јанева. Таа му вели на осомничениот […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео со превод: Италијански весник објави снимка за случајот ,,Рекет”

Канал 5 ја објави снимката на италијанскиот медиум со превод на македонски јазик. На снимката се гледа броење на пари, список и торба во која се ставаат банкнотите. Снимено е и излегувањето од домот на Камчев, исто така, снимен е и разговор во кој наводно се гласовите на Бојан Јовановски и на Камчев. Тој на […]

______________________________________________________________________________________________________

Авторот на текстот за видеото со Боки 13: Имам нови шокантни документи

Италијанскиот „Ла Верита“ денеска објави снимка направена од безбедносни камери на која се гледа како осомничени во случајот „Рекет“ изнудуваат пари од бизнисменот Орце Камчев. На интернет нема достапни податоци које сопственик на овој медиум. Авторот на текстот е извесен Ларис Гаисел, а истиот е потпишан и на текстот кој се однесува на случајот со […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1