13/02/2019 16:16
•
Posted by: MK News
Од возачите во Македонија 80 проценти барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол, а пет отсто тоа го прават чето, покажало истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата РСБСП. Статистиката покажала дека во 2018-та година во сообраќајни незгоди загинале 129 лица, во 2017 година 155, а во 2016 загинале 165 […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 15:40
•
Posted by: MK News
На преминот „Богородица“ на границата со Грција денеска е поставен натпис со новото име Република Северна Македонија. Не станува збор за нова табла, туку на старата е ставена налепница со новото име испишано на македонски и на англиски јазик. Директорот на Царинската управа најави дека во текот на денот ќе бидат заменети таблите и на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2019 14:42
•
Posted by: MK News
По добивањето на Вербалната нота со која Атина денеска ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, и исполнувањето на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, почнува примената на новото име Република Северна Македонија. Во меѓувреме, почнаа и практичните подготовки […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2019 14:53
•
Posted by: MK News
Министертвото за здравство ја известува јавноста дека вчера (9 февруари 2019) во попладневните часови почина уште едно дете од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за 13 месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2019 13:14
•
Posted by: MK News
Детето било во лоша состојба поради заразата од морбили развило висока температура а имало и проблеми со срцето и белите дробови. Шестмесечното бебе е прва жртва од морбили во Македонија. Уште две деца на Инфективната клиника заразени со морбили се во критична состојба . Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2019 19:19
•
Posted by: MK News
Петгодишно дете од Скопје е првата жртва од грипот годинава во земјата. Девојчето починало ноќеска по полноќ на Клиниката за детски болести каде престојувало само 13 часа. Прво било лекувано во болницата во Козле од воспаление на белите дробови, но по влошување на состојбата го препратиле на скопските клиники. Педијатрите и лабортаториски потврдиле дека има […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2019 14:07
•
Posted by: MK News
Експремиерот Никола Груевски, сега бегалец, на социјалната мрежа „Фејсбук“ го честиташе денешното потпишување на протоколот за НАТО. Тој смета дека Владата го нарушила концептот на правичност, фер договор и разумен компромис. Според Груевски, Грција добила речиси сè. Тој во долгиот напис на неколку страни, пишува и дека ова е прв дел од неговите размислувања. Фејсбук […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 10:30
•
Posted by: MK News
Во емисијата Студио 1 на 1ТВ гостуваше лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, кој се кандидираше за претстојните претседателски избори и истакна дека поддршка ќе побара од сите пратеници, без оглед од која партија се. -Овие денови одиме со лајкови, да видиме дали ќе има десет илјади и еден лајк. Тоа е пробно, колку […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2019 15:12
•
Posted by: MK News
Екс премиерот, а сега азилант Никола Груевски во вечерашното интервју за Сител телевизија рече дека тој нема намера да остане засекогаш во Будимпешта, Унгарија. „Јас еден ден ќе се вратам во Македонија. Јас нема засекогаш тука да останам. Тука сум за да се засолнам од актуелната Власт која неправедно сака да ме стави во затвор“, […]
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2019 19:06
•
Posted by: MK News
Има ли медицински пропуст во третманот на 61 годишната пациентка која пред 4 дена починала на Карил? Имала инфекција на стомачната празнина која ги зафатила сите органи и лекарите од Клиниката за анестерзија и реанимација не успеале да ја спасат. Претходно била пациентка на Нефрологија а од таму завршила на Дигестивна каде и направиле операција […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 10:34
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство ја известува јавноста дека информацијата пласирана од порталот „Скопјеинфо“ под наслов „Скопјанка починала од слепо црево – немало слободен кревет во клинички“ е лажна вест и новинарски апсолутно некоректно и тенденциозно пренесено. Во текстот не е одговорено на ниту едно од петте новинарски прашања, што е базична писменост, неопходно за да се […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2019 22:48
•
Posted by: MK News
Триесетина професори со повик до јавноста да ја поддржат кандидатурата на универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова за претседател на државата. -Како никогаш порано, во најтешките моменти на поновата национална и политичка историја, на Македонија ѝ е итно потребен здружен опозициски блок, кој ќе ги обедини сите граѓански и интелектуални капацитети. Со оглед на состојбата, ова […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2019 14:14
•
Posted by: MK News
Нобеловката Уидед Бушамауи и официјално ги предложила македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за кандидати за Нобелова награда за мир за 2019 година. Бушамауи, како што денеска информира прес-службата на македонската Влада, испратила писмо до премиерот Заев со кое го известува дека официјално пратила допис до Комитетот за Нобеловата награда за мир […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2019 14:09
•
Posted by: MK News
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре до законодавниот дом ќе достават иницјатива за распуштање на Собранието и организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Ваква одлука донесе Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели дека опозицијата нема да прави компромиси со законите, па оттука, според него, организацијата на предвремени избори без почитување на роковите за формирање на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/01/2019 15:52
•
Posted by: MK News
На 12 илјади работници, без овие пари пензиите во иднина ќе има биле далеку помали. Случајот го обзнани министерката за труд Мила Царовска. Станува збор за работници кои работат и во јавниот сектор и приватно. Се движат на возраст од 40тина години, и најголемимот дел од нив се првовработени. Најголемите задржувања почнале во периодот од […]
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2019 22:13
•
Posted by: MK News
Со 153 гласа за, 146 против и еден воздржан грчкиот парламент го ратификуваше преспанскиот догвор. Гласањето помина во тензична атмосфера. Пратениците се изјаснуваа поединечно и со прозивање. СОбранискиот спикер интервенираше неколку пати поради провокациите на пратениците од Златна зора кои гласаа против договорот. Конечно, како што и се очекуваше , клучни беа гласовите на осуммината […]
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2019 12:23
•
Posted by: MK News
Остри критики до Комунистичката партија на Грција, поради актуелната позиција против Договорот од Преспа испрати грчкиот премер во неговиот говор во Парламент и ги потсети на нивната историја. – Не сакам да се осврнам ниту на славомакедонскиот Буквар што комунистите го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на Демократската армија на Грција. Не […]
______________________________________________________________________________________________________
24/01/2019 12:50
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев, вчера во интервју за АлсатМ, рече дека тој веројатно ќе биде првиот кој ќе добие двојазичен пасош, согласно Законот за употреба на јазиците и кој ќе се води на новото име на државата, Република Северна Македонија. Во текот на целото интервју, Заев немаше проблем да го користи скратеното име Северна Македонија, а […]
______________________________________________________________________________________________________