Tag Archives: s2

Тече рокот од пет дена за поднесување барања за амнестија

Тече рокот за поднесување барање за амнестирање за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, откако Законот за амнестија беше објавен во Службен весник. Шефот на државата Ѓорге Иванов го потпиша Законот завчера, а тој веднаш беше објавен во Службен весник. Законот стапува во сила со денот на објавување во Службен […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев и Ципрас официјално номинирани за Нобелова награда за мир

Договорот од Преспа ги стави Заев и Ципрас на листата на кандидати за Нобеловата награда за мир. Номинацијата до комитетот во Осло ќе ја достави Уидед Бушамаи, која пред три години како дел од националниот квартет ја доби нобеловата награда за постигнување на мир и демократија во Тунис. „Ова не е признание само за нив, […]

______________________________________________________________________________________________________

Бандера за струја како адреса на илјадници Македонци со бугарски пасоши

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА. Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила отказ […]

______________________________________________________________________________________________________

Владика Пимен: Богдан беше разочаран што работите се тргнале од контрола

За настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година, денеска во Кривичниот суд исказ даваше владиката Пимен Илиевски, предложен како сведок од обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен. Владиката Пимен кажа дека Илиевски му бил пријател и духовно чедо. Првично се запознале преку социјалните мрежи, а потоа почнале поинтензивно да се дружат и приватно. Разговарале […]

______________________________________________________________________________________________________

Штрајк на затвореници во „Идризово“, бараат амнестија

Затвореници од затворот „Идризово“ штрајкуваат со глад барајќи да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија за обвинетите од 27 април во македонското Собрание. Од затворот „Идризово“ за МИА потврдија дека 60-65 проценти од затворениците одбиваат храна и оти во моментот се вршат лекарски прегледи на затворениците. Како што велат од Управата на затворот, затворениците […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицковски: Ќе дојде денот кога Кацарска и Русковска ќе ви го завртат грбот и ќе пропејат за сите нарачки

Поддржувачите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ вечерва повторно излегоа на протест да го искажат својот револт од политиките кои ги води актуелната власт и повторно побараа оставка. Маршираа од пред партиското седиште, до пред зградата на Владата. Пред Владата се обрати опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски кој порача: Време е да кажеме доста на она што на […]

______________________________________________________________________________________________________

Српскиот весник „Новости“ тврди: ЦИА испраќа брод полн со оружје за војската на Косово

Брод со контејнер пол со најновото вооружување за потребите опремувањето на косовската војска на пат е преку Атлантикот до пристаништето Драч во Албанија, пишува „Новости“. Според тврдењата на овој весник, оттаму опасниот товар ќе биде пренесен до базите на косовските безбедносни сили. Како што наведуваат „Вечерни новости“ повикувајќи се на податоци до кои дошле српските […]

______________________________________________________________________________________________________

Две новооткриени лица во Куманово заболени од СИДА

Центарот за јавно здравје Куманово, преку советувалиштето за доверливо, анонимно советување и ХИВ тестирање во текот на овој месец ќе организира предавања за средношколците за ХИВ. Заинтересираните можат да се обратат и во советувалиштето каде се вршат редовни ХИВ тестови и советувања. Преку својата програма за превенција од ХИВ/СИДА во текот на 2018 година извршени […]

______________________________________________________________________________________________________

Младеновски: УБК беше организатор на упадот во собранието

УБК била директно инволвирана во организацијата на насилниот упад во Собранието на 27ми април, откри обвинетиот Стефан Младеновски во денешното сведочење. Како главна врска меѓу групата маскирани лица предводени од Александар Василевски – Нинџа и тајната полиција бил агентот Никола Бошковски, кој подоцна заедно со началникот Горан Грујевски пребега во Грција. Младеновски кажа дека вечерта […]

______________________________________________________________________________________________________

ЈОРМ: Има индиции дека прислушувањето во Обвинителството траело од 2013. Година

Јавното обвинителство има индиции дека во зградата прислушувањето на фиксните телефони траело од 2013 година кога е инсталирана опремата. Во денешното соопштение од ЈОРМ истакнуваат дека сериозно и внимателно ги проверуваат сите аспекти. Се испитува тендерската документација за набавка на опремата и на овластувањата за нејзино користење. – Предистражната постапка е отворена веднаш по добиените […]

______________________________________________________________________________________________________

Пијан доктор направил царски рез- починале и мајката и бебето

Доктор од западноиндиската држава Гуџарат е уапсен откако пијан направил царски рез. Бебето починало уште за време на породувањето со царски рез , а мајката нешто подоцна. Полицијата информира дека со алкотест било утврдено дека докторот бил пијан , а во моментот се истражува дали до смртта на мајката и детето дошло од немарност или […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски остана без пратеничкиот имунитет

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот заради мерка притвор на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија. На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е […]

______________________________________________________________________________________________________

Хаос во Косовска Митровица: Косовските специјалци утрово уапсија четворица Срби

Припадници на косовските специјални единици РОСУ упаднаа рано изутринава во северниот дел на Косовска Митровица и уaпсиле четири лица. Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ изјави дека се уапсени полицаецот Драгиша Марковиќ и Саша Чуричиќ. Припадниците на Росу упаднале во нивните станови, ги удирале со пушки и со нозе, а потоа биле однесени во непознат […]

______________________________________________________________________________________________________

Од пет до десет години затвор за младите Срби за убиството на Закинтос

Петмина Срби денеска се осудени на затворска казна од 5 до 10 години поради нанесување тешки телесни повреди на американскиот студент Бакари Хендерсон во јули минатата година на Закинтос. Најголема казна, десет години затвор, доби Душан Ранковиќ. Милош Илиќ, Стефан Стојановиќ и Немања Ристиќ добија по девет години затвор како млади полнолетници, Милош Сениќ доби […]

______________________________________________________________________________________________________

Над 40.000 издадени бугарски пасоши ќе се под лупа, по наредба на Борисов

Над 40.000 издадени бугарски пасоши ќе се најдат под лупа на бугарското министерство за надворешни и Државанта агенција за национална безбедност, по наредба на премиерот Бојко Борисов. Ќе се чешлаат сите патни исправи издадени на странски државјани во последните пет години. Тие треба да бидат проверени во најкраток можен рок, а резултатите од ревизијата, по […]

______________________________________________________________________________________________________

Статусот на Груевски на Фејс

„Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил заради политички прогон во Република Македонија“, напиша Груевски. Во долгата објава на социјалната мрежа, осудениот Груевски наведува што напишал во барањето за азил, со тврдења дека избегал за да го заштити својот живот од, како […]

______________________________________________________________________________________________________

Давид, Иван, Фросина… – живот згаснат на пат – Светски ден на сеќавање на жртвите

Во Македонија на годишно ниво околу 160 луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а повеќе од 6.000 лица се повредени, соопштуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На одбележувањето на 18 Ноември – Светскиот ден на сеќавањето на жртвите од сообраќајни незгоди, од Советот апелираат до сите надлежни институции да ја […]

______________________________________________________________________________________________________

И официјално потврдено дека Груевски преку Албанија заминал за Унгарија

Албанија и официјално потврди дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Унгарија заминал преку Албанија. Секторот за граница и миграција при албанската државна полиција во вечерашното соопштение наведува дека Груевски Албанија ја напуштил преку преминот Хан Хоти-Муриќан,на албанско-црногорската граница. – Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Република Албанијана […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1