27/10/2014 19:28
•
Posted by: MK News
Медицинската сестра која денеска изврши самоубиство со фрлање од шести кат од приватна болница во Скопје е сопруга на познатиот македонки пејач Сашо Каимовски или во јавноста познат како Панки, објави Телеграф.мк Извори од истрагата за Телеграф.мк информираат дека медицинската сестра претходно се заклучила во просторија каде насилно ја извадила мрежата од прозорците на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/10/2014 20:13
•
Posted by: MK News
На видео снимката која ексклузивно ја објавува Ohrid1.com се гледа дека во еден момент мечката се качува на еластичната ограда и оградата од мостот, но за нејзина среќа не проба да најде спас таму, па продолжи да трча во правец кон Кичево. Погледнете го видеото:
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2014 21:46
•
Posted by: MK News
Крајбрежјето на Охридско Езеро некогаш било погодено од цунами, односно бранот удрил кај Лин во Албанија и кај Пештани, вели Бернд Вагнер, раководител на проектот за утврдување на староста на езерото. – Веќе е извршено дупчење на длабочина од 104 метри и утврдена е старост до 150.000 години. Целта е да ја утврдиме целосната старост […]
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2014 21:28
•
Posted by: MK News
Два автобусa со патници од Скопје кон Подгорица и од Подгорица кон Скопје, ноќеска останале заглавени во Косово поради превртен камион кој го блокирал патот од Косово кон Црна Гора, во близина на косовско-црногорската граница. Камионот излизгал од коловозот, поради снегот, јави Прес 24. Сообраќајната несреќа се случила во близина на преминот „Кула“ непосредно пред границата, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2014 22:02
•
Posted by: MK News
18 месечно бебе и три годишно дете со западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, дознава zdravstvo24.mk. Информацијата ја потврдија од Клиниката од каде изјавија дека децата 5 дена се на Детска и биле примени во тешка здравствена состојба. Но, по неколку дена има подобрување иако се уште се под строг здравствен надзор. […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2014 22:31
•
Posted by: MK News
Метеоролозите веќе подолг период најавуваат промени на времето кои би требало да случат оваа ноќ. Во текот на ноќните часови и утршениот ден во целиот регион на Балканот се најавуваат интензивни врнежи од дожд проследени со грмежи, силен ветер а на повисоките места и снег. Метеоалармот најавува големи нагли промени на времето вклучувајќи и неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2014 20:31
•
Posted by: MK News
Попладнево околу 18 часот грагани од Скопската населба Аеродром останаа збунети од авиони што го надлетуваа Скопје останале збунети од трагите на неколку авиони кои ја надлетале населбата.. Во последно време стално летаат, којзнае дали е коридор по кој се движат патинчки авиони или пак некој со нешто не прска,вели нашиот читател на Либертас кој […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2014 20:14
•
Posted by: MK News
Студениот бран кој ќе ја зафати Македонија од среда, веќе во петок ќе донесе негативни утрински температури, кои ќе се движат меѓу -2 и 0 степени, а во сабота, можни се слаби провејувања на снег во утринските часови, јави Прес 24. Според метеоролозите, темературата од среда нема да биде повисока од 10 степени Целзиусови, а […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2014 13:23
•
Posted by: MK News
Медицинската сестра заразена од ебола, Нина Фам, може да се види како зборува на видео споделено од болницата во Далас, снимено пред утринава да биде префрлена во Националниот институт за здравство во Бетесда, Мериленд, пренесе Хафингтон пост. Таа побарала видеото кое го снимил лекарот што ја лекувал од болеста, д-р Гери Вајнштајн да биде јавно споделено. […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2014 15:08
•
Posted by: MK News
Во Македонија има прогресивно зголемување на бројот на мозочни удари. Старосната граница се намалува, а причините се бројни, меѓу кои се начинот на живеење и ризик факторите кои треба да се избегнуваат… Многу млада популација посебно жени во период на бременост е загрозена со појава на проблеми со мозочна циркулација. Најмладиот пациент со мозочен удар […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2014 21:25
•
Posted by: MK News
Тој ги изгуби животот во сообраќајна несрека во 2007 а неговите родители, Домника и Никола Проески сеуште не можат да поверуваат дека нивниот син го нема. – Тагата за нашиот син секој ден е се поголема. Не сме во состојба да зборуваме за тоа, особено не во овие тешки моменти, изјавиле за српски Курир неговите […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2014 19:21
•
Posted by: MK News
Информациите дека грчките надлежни органи ја завршиле ДНК- анализата врз телото кое што беше пронајдено во водите од Егејското Море, а за кое постои сомневање дека е можно да е од исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска, повторно емотивно ја разбрануваа прилепската јавност, јавува Сител Пролонгирањето на официјалната објава на резултатите, за некои од сограѓаните на Дениса […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2014 20:50
•
Posted by: MK News
Две лица се приведени од мобилната единица „Алфа“ бидејќи во заробеништво цели три месеци држеле три малолетни девојчиња од кои најмалато имало 14 години, пренесува телевизија Алфа. Девојчињата ги држеле во куќа, во скопската населба Шутка, а според неофицијални информации куќата била сопственост на вујко на еден од осомничените. Малолетничките, осомничените физички и психички ги […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2014 19:48
•
Posted by: MK News
Македонската поп пејачка Ребека во вестите на Канал 5 телевизија проговори за болеста на своето дете. Таа отворено говори за предрасудите кои ги има во нашето општество кон децата кои боледуваат од ретки болести, но нагласи дека клопчето полека се одмотува. Погледнете го емотивното интервју.
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2014 12:15
•
Posted by: MK News
Колин Џефри, британски бизнисмен, кој пред неколку години беше прв човек на Советот за странски инвеститори во Македонија е Британецот кој почина во Скопје со симтоми од ебола, ексклузивно дознава Телеграф.мк. Ова го потврдува и Мајкл Инглиш, пријателот на Џефри, кој во моментов е во карантин во хотелот „Супер 8“ во Мавровка. Во ексклузивен телефонски […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2014 20:43
•
Posted by: MK News
ој не ме посакува, новиот маж во мојот живот прави да се чувствувам жива. Една скопска козметичарка за Вистина.мк отворено проговори дека секој ден слуша потресителни исповеди од своите клиентки. Емоции, неверства, фрустрации и што уште не… Една од нив ви ја пренесуваме во целост: – Имам 45 години и секој ден кога ќе застанам […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2014 17:49
•
Posted by: MK News
Прв сомнителен случај на заболен од ебола во Македонија. Алфа дознава дека пациент, странец кој најверојатно потекнува од Велика Британија. Тој бил примен на инфективната клиника со симтоми на ова опасно заболување. Кога бил примен, пациентот бил неконтактибилен и по некое време починал, објави Алфа. Засега нема информации од каде допатувал. Македонските власти ги преземаат […]
______________________________________________________________________________________________________
07/10/2014 21:10
•
Posted by: MK News
Еден Французин кој доживеал тешка сообраќајна несреќа, најверојатно ја доживеал најбизарната коинциденција на светот. Имено, 54-годишниот човек со автомобилот излетал од патот во бездна, но и покрај тоа имал среќа и преживеал со полесни повреди. Во колата со него била и неговата 16-годишна ќерка, но и таа имала среќа и не била повредена. Човекот […]
______________________________________________________________________________________________________