Тајванскиот министер бара и мажите да седат додека уринираат?!


Министерот за заштита на животната средина од Тајван Стивен Шен бара да се престане со уринирање на WC школката во тоалетите и смета дека и мажите од хигиенски причини би требало да седат додека уринираат.

Министерот истакнал дека и самиот ја применува оваа тактика и има навика да седи на WC школката, па затоа ги замолил и останатите мажи да го следат неговиот пример. Во јавните тоалети ќе биде истакнато дека и мажите треба да седат додека уринираат со цел тоалетите да останат чисти.

Директорот на санитарната инспекција, Јуан Шо Џинг изјавил дека нивна желба било да го прифатат трендот во кој владее во Јапонија и Шведска.

– Во Јапонија дури 30 отсто од мажите седат, рекол Шо Џинг за BBC.

Кампањата на министерот Шен брзо била прифатена од страна на женската популација, но наишла на многубројни критики од страна на мажите на интернет, кои тврдат дека тешко е да се променат животните навики.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1