Австралиската Влада во официјално писмо упатено до војниците им совтуваше да внимаваат со кого се пријатели на социјалните мрежи. Советот важи и за војниците и за нивните семејства и пријатели.
Службите откриле дека голем број талибанци на Фејсбук се кријат зад лажни профили на убави девојки со цел да ги намамат војниците и од нив да извлечат што повеќе информации.
Многу војници на своите профили ставаат слики од себе и семејството со што многу лесно талибанците може да ги лоцираат.
,, Често гледам војници како поставуваат податоци или фотографии со чија помош е можно јасно да се идентификуваат, да дознаат на која единица припаѓаат и каде точно се наоѓаат, изјавил Питер Ханеј, експерт за информатичка безбедност на Универзитетот Едит Кован.
Проблемот станал толку голем што се размислува и целосно да им се забрани пристап до социјалните мрежи на војниците.