Талибанците се обидоа да го убијат принцот Хари – нападната неговата база


” Ја нападнавме таа база бидејќи во неа е и принцот Хари, да го почуствуваат нашиот бес. Уште илјадници напаѓачи самоубици е подготвено да се жртвува за пророкот Мухамед”, изјавил во телефонски разговор со Асошиејтед прес портпаролот на талибанците Кари Јусеф Ахмади.

Двајца американски маринци беа убиени вчера во напад врз воен пункт во јужниот дел на Авганистан, каде што бил стациониран, и принцот Хари, изјавија официјални лица, додавајќи дека “тој не бил во опасност.”

Во нападот врз базата Кемп бастион во провинцијата Хелманд биле убиени 16 талибанци. Напаѓачите користеле ракети, рачни фрлачи и автоматски пушки.

Базата била нападната со минофрлачи и малокалибарско оружје на полноќ по локално време, според претставникот на меѓународните сили во Авганистан (ИСАФ) Боб Барко.
Тој додаде дека се работело за комплексен напад и дека ИСАФ ја проценува штетата во воената база, и не верува дека принцот е загрозен.
“Информациите кои ги имаме велат дека тој не бил во опасност”.

Талибанците денес ја превземаа одговорноста за нападот порачуваат дека тоа е освета за антиисламскиот филм “Невиноста на муслиманите”, како и дека базата е одбрана за напад бидејќи таму е стациониран британскиот принц.

” Ја нападнавме таа база бидејќи во неа е и принцот Хари, да го почуствуваат нашиот бес. Уште илјадници напаѓачи самоубици е подготвено да се жртвува за пророкот Мухамед”, изјавил во телефонски разговор со Асошиејтед прес портпаролот на талибанците Кари Јусеф Ахмади.

Принцот Хари (27) е распореден во Авганистан, со седиште во кампот Бастион како пилот на воен хеликоптер  и ќе остане таму  четири месеци. Талибанските бунтовници изјавија претходно дека ќе го убијат.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1