Авторот на филмот за Мухамед: Не се каам, ќе објавам и втор дел


Накула, човек кој американските медиуми го сметаат за автор на контроверзниот филм, побара полициска заштита откако во средата го идентификуваа светските медиуми.

Масовните протести на муслиманите ширум светот, во кој беше убиен американскиот амбасадор во Либија, иницирани од квазифилмот „Невиност на муслиманите“, како воопшто да не влијае на човекот кој тврди дека е автор на ваквото дело. Продуцентот на филмот во кој се навредува исламот, изјави дека не се кае што го направил ваквиот филм.

„Не не се кајам. Жалам за смртта на амбасадорот, но, не се кајам за делото“, изјави авторот на контроверзниот филм, Накула Баселеј, 55 годишниот Копт, кој живее во Калифорнија.
Сепак тој побара полициска заштита поради негова идентификација во медиумите.
„Јас стојам за 14 минутното дело кое го ставив на интернет и размислувам да објавам интегрален филм“, изјави авторот, додавајќи дека никој не манипулирал со филмот.

На прашањето дали се чувствува виновен поради антиамериканските напади кои ги предизвика овој филм, тој одговори:
„Да чувствувам вина. Америка ги претрпе последиците од филмот со кој таа нема никава поврзаност. Имам порака за целиот свет, не само за муслиманите. Се надевеам дека најпрвин ќе го видите филмот во целост пред да го осудите“, изјавил Накула.

Себеси се опишал како арапски мислител кој се занимава со муслимански теми. Во почетокот беше објавено дека режисерот на филмот е Сем Басил, израелско-амерички филмаџија кој го финансираат Израелци.
Тој се сокрил кога започнале нередите во Египет и Либија, додека Стив Клеин, консултантот за филмот, изјави дека Басил се вкочанил од страв кога ја слушнал веста за смртта на американскиот амбасадор Стивенсон.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1