Екс менаџер на „УНИ Банка“ Подружница Тетово и неговата 29 годишна ќерка ја оштетиле банката за 4.000 евра.
55 годишниот Ф.К.(55) од село Голема Речица, ја злоупотребил позицијата како менаџер во Подружница на банката во Тетово и во текот на 2008 година, обезбедил фотокопија од личните карти на две лица од Тетово, инаку клиенти во банката, а истите ги злоупотребил така што изготвил договор за кредит на име на едно од лицата како кредитобарател, а другото лице како жирант. Си подигнале 260.000 денари.
Добија кривична пријава за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама при добивање кредит или други погодности“.