Температура, кашлица, дијареја, повраќање – Вируси ја нападнаа Македонија


Променливото време и температурните разлики ги зголемија интервенциите на брзата помош и домашните посети. Надлежните регистрирале зголемен број на пациенти со вирусни, односно респираторни инфекции, објави Канал 5.

grip

 Треска, проследена со температура, кашлица, дијареја и повраќање се најчестите симптоми на кои се пожалиле граѓаните.

Од брзата помош апелираат доколку за ден до два температурата расте, веднаш да се замине на матичен доктор или на дежурен за време на викенд и ноќните часови.

Респираторните инфекции најтешки кај хронично болните, од брзата помош објаснуваат дека вирусните инфекции се најчести, случаи со грип за овој период од годината нема зголемување во Скопје.

Од УХМР соопштија дека утре температурата ќе биде до 13 степени, во вторник и среда ќе паднат од 2 до 8 степени и ќе има преодно наоблачување на југоисток. Од среда повторно постепено зголемување на температурите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1