Температурите ќе бидат повисоки од 41 степен, а УВ индексот ќе биде 10.
Денеска и утре да се избегнува работа на отворено место, работодавците да им овозможат соодветни услови на вработените и да се воведе посебен режим по градинките и вo домовите за стари лица, препорачува Министерството за труд и социјална политика. Ова се препораките од акциониот план за заштита од жолтата фаза.
да се избегнува работа на отворено во период од 11 до 17 часот
почести паузи и консумирање на течности
вентилација и климатизација
обезбедување на засолништа за разладувње
Во детските градинки децата да се изнесуваат на прошетка единствено до 10 часот наутро, лесна храна и повеќе течности, да се заштитат од дирекна сончева светлина со ролетни или завеси.
Дали работодавачите се придржуваат до препораките ќе се утврдува со зачестени контроли на инспекциите.