Трагедија во Тетово: Почина бебе, таткото го претепал педијатарот


Околу 13:20 часот вчера во тетовската клиничка болница, без знаци на живот, било донесено шестнеделно машко бебе, пишува Курир.

Го донесол неговиот татко Б.J.(26) од Тетово, кој утрото го однесол бебето кај пензиониран педијатар во Тетово, бидејќи имало здравствени проблеми. Педијатарот му дал одредена терапија, меѓутоа по неколку часа состојбата на бебето му се влошила и околу пладне тие повторно се вратиле кај педијатарот.tetovo bolnica

Но, во тоа време тој бил отсутен, додека во соседната амбуланта, каде се обратиле за лекарска помош, констатирале дека детето е веќе починато. Кога се вратил таткото физички го нападнал пензионираниот педијатар, по што го однесол бебето во тетовската клиничка болница.

Во координација со јавен обвинител и по негова наредба  починатото бебе е дадено за обдукција и по што ќе се утврдат причините за смртта.

Се превземаат мерки за целосно расчистување и документирање на  случајот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1