Труел деца: Крадел чоколадо од отпад и правел еурокрем


Јосиф.Ф (50) од отпадот на фабрика за чоколадо во Вршац, крадел чоколада со истечен рок, ги топел и правел еурокрем кој го продавал по трипати пониска цена отколку во продавниците. Кога е откриен полицијата кај него пронашла еден тон еурокрем.

josif-k-trovao-decu-eurokrem-cokolada-dubiste-deponija-vrsac-1358377940-254539Нема информации колку досега е продадено и колку деца консумирале од овој еурокрем од депонија.

,, Тој ноќе влегувал во депонијата и со вреќчи изнесувал чоколадо а потоа во нехигиенски услови дома го топел и ставал во кантички,, изјавила полицијата.

Прво еурокремот го продавал по пријатели, а кога се расчуло дека има евтин еурокрем почнал да продава по цел град и надвор од него.

Одел и од врата до врата нудејќи, а купци најчесто биле сиромашни луѓе кои сакале да заштедат и на децата да им купат еурокрем по ниска цена. Кога го прашувале како му се исплати да продава така евтино, се фалел дека има пријатели во фабриката кои му даваат по набавна цена.

josif-k-trovao-decu-eurokrem-cokolada-dubiste-deponija-vrsac-1358378007-254537Дури се појавиле и прекупци кои од него го купавале по багателна цена а потоа го нуделе и на продавници и низ цела Србија.

Запленетите канти еурокрем се на анализа и доколку се утврди и дека се штетни по здравјето освен за нелегална трговија тој ќе одговара и за загрозување на здравјето.

Инаку Јосиф бил вработен во „Свислион,,

Полицијата го уапсила откако добила дојава дека секоја ноќ изнесува големи количини чоколадо.

Кантите ги продавал по цена од 300 динари за 5 кг еурокрем, во продавница чини минимум 500 динари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1