Во четвртокот околу 15 часот во семејната куќа во населбата Славча во хрватскиот град Нова Градишка биле пронајдени тела на маж, жена и дете на двегодишна возраст
Јутарњи весник објави дека станува збор за мажот С.Ж. (44), за жената А.Ж. (34) и за детето М.Ж. (2).
Соседите велат дека тие биле добра фамилија, а мажот бил поранешен бранител. Тој пред три недели најавил дека со семејството ќе замине во Молдавија. Се претпоставува дека имале финансиски проблеми.
Од жупаниските служби потврдиле дека станува збор за насилна смрт, а дека телата биле подолго време во куќата.