Цените на становите во Скопје ќе паѓаат


Цената на становите во Скопје оваа година се намали за 2%  а според познавачите цените уште ќе одат надолу.

Цената сега е во просек 1.165 евра за метар квадратен. Стан во изградба може да се најде од 800/850 евра за квадрат за сеуште не почната зграда. Во поодалечените населби цената е во просек 900 евра.

Според анализата на Капитал постои нееднаквост меѓу понудата и побарувачката и тоа ќе доведе до паѓање на цената на становите. Сепак становите во Скопје досега ја држеа високата цена и покрај трендот на пад на цените на Балканот. А според изворите на капитал, скопската цена неминовно ќе оди надолу во втората половина од оваа година. Ова тврдење е поткрепено со фактот што во главниот град се градат нови 3.200 станови што е за 8% повеќе од истиот период минатата година. Најмногу се гради во Аеродром и во Центар.

Иако цените на становите минимално паднаа, кириите за станови и деловен простор останале исти. меѓу 9 и 15 евра за метар квадратен за А класа, и 6 до 10 евра за метар квадратен за Б класа. Стан во централното градско подрачје се движи околу 300 евра месечно во просек. Агенциите за недвижности забележуваат тренд на поголема понуда на станови за издавање.

,, ако досега некој имал празен стан и не го издавал, сега веќе не се размислува два пати поради зголемувањето на сметките. Со издавањето на станот добива и дополнителни приходи, а и ги тргнува од глава месечните сметки,, вели за MK news вработена во агенција за недвижности.

Почетната цена на становите, вели е секогаш повисока но при преговарањето за издавање таа знае некогаш дури и дупло да се намали. Интерес има но луѓето барале помали станови, за да имаат помали сметки и да издејствуваат помала кирија. Големите и луксузни станови потешко се издаваат. За нив единствено се бараат клиенти странци.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1