Украина пред граѓанска војна


Во Украина повторно се пролева крв и државата се наоѓа во предворје на граѓанска војна, напиша рускиот премиер Дмитриј Медведев на својата Фејсбук страница, додавајќи дека тоа е за жалење.

medvedev– Причина за украинската трагедија е тоа што легитимните власти не се ни обиделе да одржат ред и закон во оние делови од државата каде првично почна заземањето на административните згради, додава тој.

Медведев смета дека сега незаконските власти се надеваат дека ќе воспостават ред кој самите го уништија додека доаѓаа на власт со оружен бунт. – Акцијата предизвика противакција. Заради државниот удар, народот протестира во регионите и тоа е верижна реакција, напиша Медведев на својот Фејсбук профил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1