Уште една хуманитарна измама во Македонија? – Внимавајте


По скандалозните информации дека донациите за операција на малата Ева биле измама, односно пари се собирани со лажен документ за втора операција, која ниту била планирана, уште една хуманитарна измама на повидок?

Kоалицијата ,,хуманитарни акции во Македонија,,  испрати соопштение до медиумите во кое информира дека не било дел од донациите за Ева токму од причина што неможело да ја верификува сумата која ја побарувалe. Освен тоа ова здружение апелира до граѓаните да внимаваат на уште една можна измама со донации. Ви го пренесуваме соопштението во целост, како и линкот за повеќе информации за прибирањето донации за Мијанмар.

,, Ве информираме дека Н.К.Т. Хуманитарни акции во Македонија – НЕ УЧЕСТВУВАШЕ во Хум.акција за Бебето Ева – поради отворени сомневања за давање лажни информации и документации . Воедно Минатата година испративме 4 дечиња во клиниките во Софија за Кардио операции и ги знаевме сите цени за операции , а оваа манипулација ги одминува сите хумани барања .

2 . Во многу наврати Н.К.Т. побарува од Владата да се формирам Национална агенција ѕа координација на Хуманитарните акции во РМ / се со цел контрола на хуманитарните акции во РМ, координирано органиѕирање на голем број донации на РМ и контролирање и испитување на сите нво и др хуманитарни акции кои се испракаат и доагаат од сомнителни држави .

3. Воедно ве информираме за уште една манипулација – Информирајте ги вашите пријатели за меѓународната измама која во вид на хуманитарна организација ќе се спроведе и во Македонија, на сметка на настрадан народ во Мјанмар. Голем дел од средствата ќе завршат кај организаторите ! Информации на следниот линк

ЛИНК – форум Кајгана

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1