,,Цицки,, туризам од Македонија (Фото)


Она што е интересно е што сега постојат и посебни агенции кои нудат ,, цицки,, туризам. Понудата е спектакуларна.. луксузни возила, сместување во апартмани, операција бла бла бла

Естетската хирургија не е нешто многу популарна во Македонија. Оние кои сакаат поголеми гради, поголеми задници, помали спојлери обично одат во соседството за да се разубават.

Она што е интересно е што сега постојат и посебни агенции кои нудат ,, цицки,, туризам. Понудата е спектакуларна.. луксузни возила, сместување во апартмани, операција бла бла бла

Во Македонија постои сајт кои нуди да си закажете преку нив како што велат “ALL INCLUSIVE” пакет – се возите со луксузни коли, сместени сте во апартмани, а си добивате и нови ,,балони,,.

Може да бирате зголемување на гради, намалување на гради, подигнување на гради, липосукција, подигнување на веѓи и што ли уште не. На нивниот сајт велат вака –

,,Сега е возможно да имате совршено тело.Тимот на естетски хирурзи во ****** ви нуди високо квалитетна услуга со ниски цени кои не можете да ги најдете во другите земји – “ALL INCLUSIVE” пакет цени кои за нашите пациенти ги обезбедуваат следните  услуги:

Обезбедување на авионски повратен билет Скопје-*******-Скопје
Транспорт  од аеродром до болницата со ВИП возила
24часовен преведувач на мајчин јазик за време на престојот
Сместување во апартман во болницата за време на престојот
Клиентот има можност да поведе со себе придружба која исто така ке биде сместена во апартман
Неопходни испитувања пред интервенција

Овој сајт услугата ја нуди за жени од Македонија, Косово и Албанија. Се убаво ама цена не пишува – се јавивме на оставените контакт телефони во Македонија да прашаме колку ќе не чини да си ставиме ,,балончиња,, не информираа дека цената ја определува болницата, во зависност од сложеноста на хуруршките зафати. Не информираа дека тие се официјални преставници на болницата од Турција и само посредуваат македонките кои сакаат да се ,,подноват,, да имаат пријатен пат и престој додека медицинскиот дел си е комплетно на болницата и лекарскиот тим.

 

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1