Уште една трагедија ја потресе цела Србија. Брачниот пар Горан (47) и Јадранка (40)од Вратач погинаа, а нивните две деца, ќерката (11) и син стар од 15 месеци се повредени во сударот меѓу автомобилот марка „Фијат стило“ и автобусот со кои патниците одеа на летување во Бечичи во Црна Гора.
Несреќата се случила во понеделникот околу полноќ во селото Рејлинци кога автомобилот преминал на левата страна и директно се судри со автобусот. Од силниот удар моторот од Фијатот летал околу 40 метри. Сопружниците на лице место загинале, додека децата се префрлени во болница.