Успешно тестирањето на комбинацијата на лекови против туберколоза


Од огромно значење е тоа што овој третман може да биде компатибилен со терапијата за СИДА бидејќи е познато дека туберколозата е главна причина за смрт кај заболените од од оваа болест.

Истражувачите од Глобалната алијанса за развој на лекови против туберколоза деновиве остварија напредок во развојот на експерименталната комбинација на лекови која за две недели уништува рекордни 95 проценти од туберколозната бактерија во организмот на заболениот, и тоа за само дел од цената која пациентите претходно ја плаќаа за стандардната терапија.

Од огромно значење е тоа што овој третман може да биде компатибилен со терапијата за СИДА бидејќи е познато дека туберколозата е главна причина за смрт кај заболените од од оваа болест.

Денеска на секои 20 секѕнди во светот се бележи по еден смртен случај од туберколоза, најчесто во неразвиените сиромашни земји.

Се повеќе расте бројот на заболени кои развиле отпорност на досегашната терапија. Лекувањето понекогаш трае и две години, а постоечките лекови често не се компатибилни со антиретровиралните лекови кои се користат при терапија на СИДА.

 Експерименталната комбинација од три лека за сега позната под името PaMZ и е дел од тестирање врз 85 пациенти каде покажала дека може да ја лечи обичната туберколоза, но и некои видови на туберколоза кои се отпорни на повеќето постоечки лекови.

Оваа комбинација која сега се наоѓа во втората фаза односно клиничко испитување, вклучува лек против туберколоза Pa-824, антибиотик „моксифлоксацин“ кој до сега не е одобрен за лечење на туберколоза и уште еден антитуберколостатик „пиразинамид“.

Кај пациентите до сега не се развила отпорност на ниту еден од овие лекови, а првиот резултат од тестирањето на луѓе покажал дека оваа комбинација е безбедна.

Во сегашната, втора фаза на испитување, која би требало да трае два месеци, оваа комбинација се тестира на 230 пациенти во Јужна Африка, Танзанија и Бразил. Потоа следи трета фаза во која ќе бидат третирани уште поголем број пациенти и треба да отпочне наредната година, но недостигот на финансии може да ја успори постапката.

Се смета дека доколку се би одело во најдобар ред, новата комбинација на лекови против туберколоза на пазарот ќе се појави за 4 до 5 години.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1