ПОСЕБЕН ДЕН: Се случува еднаш во животот, астролозите се ежат од оваа појава


Сината месечина е толку ретка појава што во англискиот јазик означува нешто што ќе се случи – сега или никогаш. Астролозите појаснуваат што за нас значи овој космички феномен кој ќе се случи утре.

Утре на небото ќе има полна Сина Месечина и тоа во знакот на Водолија. Сината месечина е инаку термин кој се користи за втората полна месечина за време на истиот месец. Првата полна месечина во овој месец беше на први јули  и тоа во знакот на Јарец.blue-moon-SXC

Следната Сина Месечина ќе се случи дури во 2018 година. Астролозите објаснуваат дека ова е крајот на предизвиците и лекциите кои почнале во 2012 година.

-Енергијата на Сината месечина дополнително ја засилува ретроградната Венера. Ова е космички настан без преседан, првиот месец на транзицијата. Како да се судриле небесата за да не забават. Овој месец за нас ќе значи конечно носење на одлуки кои ги одлагавме. Сега настапуваат шанси  кои се случуваат еднаш во животот. Сега се случуваат преломни настани во нашите животи. Венера е планета на љубовта, а таа сега здружена со оваа Месечина ќе влијае на љубовните состојби. И тоа не било какви. Сега ќе се случуваат љубови кои се можни само еднаш во  животот“, тврдат астролозите.

Астролозите ја сметаат Сината Месечина на момент на откривање, па така оние кои имаат сомнежи во бракот сега може да донесат одлука за развод, а оние кои сакаат следен чекор може да стапат во нова врска.

Нашите души се сега на прагот на нешто големо, нешто што ни се подготвува уште од 2012 година. Се подготвува битен дел на сложувалката.

Никогаш не постои совршен момент за нешто, но овој е подобар од многу други.

Некои можности се случуваат само еднаш – еднаш кога на небото ќе излезе Сината Месечина.

Вистина.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1