Ужас: Лекарката со фалс диплома била на интервенција кога колабираше и почина 18 год фудбалер


momce brza pomos

Љ.К . две години работела како докторка со фалсификувана диплома во Брза помош во Кавадарци, а таа била во тимот на итната медицинска помош и била првата која пружила помош откако му се слошило на несреќното момче за време на фудбалски натпревар.

Родителите се сомневаат дека таа е виновна за неговата смрт, јавува телевизија – ТЕЛМА .

kavadarci_vlajkov_pocina

Таткото на  18 – годишниот Влајков Митко вели дека нејзиното однесување било сомнително кога дошле со  медицинската сестра на теренот каде во бесознание веќе лежел неговиот син.

Лажната докторка вели тој, го виде син ми, му го стави само едниот прст на вратот за да му го провери пулсот, а потоа извади еден шприц  и иглата  директно му ја стави во градите, најверојатно во срцето.

Вчера, вели таткото Дамјанчо Влајков, за првпат слушнавме  дека докторката работела со фалсификувана диплома.

-Можеби таа сакала да помогне, но сега останува сомнеж дека неговиот живот можел да се спаси, вели таткото.

momce pocinato kavadarci

-Од Министерството бараме вистината и само вистината да си ја потераат работата за вакви случаи во Македонија повеќе да не постојат, срамота е. Да било навреме јавено за неа, сега детето можеби ќе било живо.

Чекаме што ќе покаже обдукцијата – знаеме дека му се дадени инјекција во срцето како и електрошокови, вели таткото.

Митко Влајков почина на 16 март за време на фудбалски натпревар. Неговото семејство побара обдукција за  да се утврдат причините за смртта бидејќи се  сомневаат дека нивниот син не ја добил потребната лекарска помош и веруваат дека интервенцијата на лажната докторка  придонела за фаталните последици по колабирањето на нивниот син.

Видео сторија на – ТЕЛМА 

18 ГОД МОМЧЕ ОД КАВДАРЦИ ПОЧИНАЛО НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР
ЛАЖНА ЛЕКАРКА РАБОТЕЛА ВО БРЗА ПОМОШ ВО КАВАДАРЦИ – ИМАЛА ФАЛС ДИПЛОМА

 

 

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1